1 Макавејска 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Александар Македонски

1 1 Мојс 10,4; Ис 23,1.12; Ер 2,10; Ез 27,6; Дан 11,30 Александар Македонски, синот на Филип, кој тогаш веќе ја беше за­владеал Елада, излезе од земјата Ки­тим, го победи Дариј, персискиот и мидискиот цар и се зацари место него.

2Тој водеше многу војни, презеде многу утврдени места и порази многу цареви.

311,38.52; 5 Мојс 17,20; Суд 3,11; 5,31; Ис 14,7; 2 Лет 14,1Дојде до крајот на земјата и ограби многу народи; целата земја молкна пред него, а тој се издигна и срцето негово се возгордеа.

4Тој собра многу силна војска, и за­владеа над многу краишта, народи и владетели и тие му станаа негови пода­ници.

5Најпосле падна во постела, и откако почувствува дека ќе умре,

6ги повика своите доверливи, кои заедно со него се беа воспитувале во младоста, и додека уште беше жив, им го раздели царството.

7И така, откако царуваше дванаесет години, Александар умре;

8а неговите великодостојници владеаја секој во својата област.

9По неговата смрт сите тие се заца­ри­ја, ставија круни на своите глави, а по нив и нивните синови во тек на многу години, и злото го умножија на земјата.

Антиох Четврти Епифан, еленизмот во Палестина(2 Мак 4,7-17)

10 Дан 7,24; 8,23-25; 11,21-45 Од нив произлезе коренот на гре­вот: Антиох Епифан, синот на царот Антиох, кој беше заложник во Рим. Тој се зацари во сто триесет и седмата годи­на на царството на Селевкидите.

11Во оние денови излегоа во Израил луѓе измамници, кои почнаа да го убе­дуваат народот, велејќи: „Ајде да склу­чиме сојуз со околните народи, зашто от­како се одделивме од нив, многу зла нѐ постигнаа.“

12И овие зборови на многумина им се допаднаа.

13Неколкумина од народот отидоа кај царот и тој им даде право да живеат според паганските обичаи.

14Тие изградија во Ерусалим училиш­те според паганскиот обичај,

151 Кор 7,18го напуштија обрезанието и отста­пија од светиот завет; се соединија со безбожниците и се продадоа за да прават зло.

Напад врз Египет(2 Мак 5,11-21)

16Кога Антиох виде дека царството негово се зајакнува, намисли да го покори и египетското царство, за да владее над двете царства;

174 Мојс 20,20па со голема сила навлезе во Еги­пет, со бојни коли и слонови, со коња­ници и со многу бродови.

18Започна војна против египетскиот цар Птоломеј, кој се исплаши од него, па почна да бега и тогаш паднаа многу ранети.

19Така тој завладеа над многу утврдени градови во Египет.

20По победата над Египет во сто че­тириесет и третата година, Антиох се врати, се крена против Израил и со сета своја силна војска влезе во Ерусалим.

212 Мојс 25,31-38; 26,31-35; 3 Цар 7,48-49Влезе гордо во светилиштето и ги ограби златниот жртвеник, свеќникот, сите негови свети садови,

22трпезата на предложението, мијал­ни­ците, чиниите, златните кадилници и завесата, венците и златниот украс, кој беше надвор од храмот и однесе сѐ.

23Го однесе сето сребро и злато, сите скапоцени садови и ги ограби тајните ризници што ги беше нашол.

24И, откако ограби сѐ, се врати во својата земја, изврши многу убиства и говореше со голема горделивост.

25Во Израил, во сите негови места, настана голема жалост.

26Стенкаа началници и старешини, изнемогнаа момци и девојки и свена женската убавина.

27Секој младоженец се фрлаше во плач; а невестата во брачната одаја се­деше натажена.

28Суд 5,4; 2 Цар 22,8; Ис 13,13; Пс 67,8Се тресеше целата земја и целиот дом на Јаков се облече во срам.

Аполониј во Ерусалим(2 Мак 5,24-26)

29Откако изминаа две години, царот го испрати даночниот началник во из­раилските градови, кој дојде во Еру­са­лим со силна војска.

30Најнапред им зборуваше за мирот лукаво и тие му поверуваа, но ненадејно го нападна градот, му нанесе големо зло и уби многу Израилци.

31Зеде голем плен, градот го запали и ги урна и куќите и градскиот ѕид.

32Одведе во ропство многу жени и де­ца, ограби многу добиток.

332,31; 7,32; 14,36; 2 Цар 5,7Потоа изградија околу градот на Давид голем ѕид, со високи кули и тој стана нивна тврдина.

34Во неа настанија безбожни и лоши луѓе и тие тука многу се засилија.

35Таму натрупаа оружје, храна и сѐ што беа ограбиле во Ерусалим; и таа стана непријателско гнездо.

36Амос 8,10; Плач 5,15Тоа беше постојана заседа за све­тилиштето и зол непријател на Израил.

37Проливаа невина крв околу свети­лиштето и го осквернуваа.

38Поради нив жителите на Ерусалим се разбегаа и тој стана живеалиште на туѓинци; чедата негови градот свој го напуштија.

39Светилиштето запусте како пустина, празниците се претворија во плач, саботите негови – во навреда, а честа – во бесчестие.

40Како некогаш славата негова – срамот му се зголеми, а величината не­гова – во жалост се претвори.

Антиох Четврти Епифан сака да го укине еврејскиот закон(2 Мак 6,1-11)

41Царот Антиох испрати проглас во целото свое царство дека сите негови поданици треба да бидат како еден народ,

42та секој својот закон да го напушти. И сите народи на царската наредба се покорија.

432 Мак 6,2Многумина од Израил неговото идолослужење го прифатија, им принесуваа жртви на идолите и саботата ја осквернија.

442 Мак 6,2-7Царот преку свои гласници испрати заповед во Ерусалим и во сите градови на израилската земја дека треба да ж­и­ве­ат според новите обичаи;

45Дан 9,27; 11,31во светилиштето веќе да не се принесуваат жртви сепаленици, приноси и жртви леаници и да се откажат од сво­ите саботи и празници;

46да ги осквернат светилиштето и светињите,

47да прават жртвеници и храмови идолски и на идолите да им жртвуваат свињи и нечисти животни,

48синовите свои да ги остават необ­ре­зани, душата нивна да ја валкаат со не­чистотија и гадотија,

49за да го заборават законот и сите наредби да ги изменат.

50Ако, пак, некој не постапи според царските зборови, на смрт да биде пре­даден.

51Таква наредба испрати по целото свое царство и постави надзиратели над народот, а на сите јудејски градови им за­поведа да принесуваат жртви.

52Ним им се придружија многумина од народот, сите што го напуштија за­конот и направија зло во земјата;

53и го принудија Израил да се собира на скришни места.

544,52; Дан 9,27; 11,31; 12,11Во петнаесеттиот ден во месецот кислев, во сто четириесет и петтата го­дина, изградија жртвеници во сите јудеј­ски градови и врз нив ја ставија гнасо­тијата на пустошењето;

55а пред вратите на куќите и по ули­ците кадеа со темјан;

56каде наоѓаа книги на Законот – ги кинеа и во оган ги гореа;

57а кога ќе откриеја дека некој има книга на Заветот и дека живее според неа, тогаш, според царската заповед, го убиваа.

58Вакво насилство над Израил правеа секој месец, кога тие доаѓаа во гра­до­ви­те.

592 Мак 6,7Во дваесет и петтиот ден од секој месец, кога принесуваа жртви на жрт­веникот, кој беше над олтарот,

60според царската заповед, ги убиваа сите жени кои своите деца ги обрезале;

61доенчињата им ги бесеа на врато­ви­те нивни, куќите им ги ограбуваа и ги убиваа оние што го извршиле обрезанието.

62Па сепак, многумина Израилци ос­танаа непоколебливи и покажаа храб­рост – ништо нечисто не јадеа;

63повеќе сакаа да умрат, отколку да се осквернат од нечиста храна, и умираа за да не похулат на светиот завет.

64Навистина, страшен беше гневот над Израил.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help