1 ноќеска;
24и пригответе добици, за да го качат Павле и да го одведат до намесникот Феликс!“
25Напиша и писмо со оваа содржина:
26„Клавдиј Лисиј испраќа поздрав до многупочитуваниот намесник Феликс.
27Овој човек беа го фатиле Јудејците и сакаа да го убијат; јас се појавив со војска и го одзедов, бидејќи разбрав дека е римски граѓанин.
28И сакајќи да ја дознаам причината, поради која го обвинуваат, го изведов пред нивниот Синедрион,
2918,15; 25,18-19и дознав дека го обвинуваат по прашање од нивниот Закон, но дека нема никаква вина, поради која би заслужил смрт или окови.
3028,18; Лк 23,15И бидејќи ми беше соопштено дека Јудејците намислиле лошо против тој човек, јас го пратив веднаш кај тебе, откако им порачав и на обвинителите да кажат пред тебе што имаат против него. Биди здрав!“
31И така, војниците го зедоа Павле, и онака како што им беше заповедано, го одведоа ноќе во Антипатрида.
32А на вториот ден се вратија во тврдината, откако ги оставија коњаниците да одат со него.
33Оние што влегоа во Кесарија и му го предадоа писмото на намесникот, му го претставија и Павле.
34Лк 23,6Намесникот го прочита писмото и праша од кој крај е тој, и откако разбра дека е од Киликија, рече:
35„Ќе те сослушам, кога ќе дојдат и твоите обвинители.“ И заповеда да го држат под стража во дворот Иродов.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
