Захарија 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Четврто видение: Исус и сатаната

1 Пс 108,6; Јов 1,6; 1 Лет 21,1; Мк 1,13; Откр 12,10 Потоа ми го покажа тој Исус, великиот свештеник, кој стоеше пред ангелот Господов, и сатаната, кој стоеше од Неговата десна страна, за да го обвинува.

2Ис 7,4; Амос 4,11; Јуда 1,9И му рече Господ на сатаната: „Господ да те укори сатано, Господ да те укори, Оној Кој го избра Ерусалим. Зар не е Тој гламја истргната од оган?“

3А Исус беше облечен во извалкана облека и стоеше пред ангелот,

4Ис 6,7; Ер 31,34; Ез 36,33; Лк 15,22; Откр 19,8кој им одговараше и на оние што стоеја пред него, и им рече: „Собле­че­те ја од него извалканата облека“; и не­му лично: „Ете, ја отфрлив од тебе вината твоја и те облекувам во све­чена облека.“

53 Мојс 8,9; Ис 3,22Потоа рече: „Ставете Му на главата чист повој“, и Му ставија на главата чист повој и го облекоа во свечена облека. А ангелот Господов стоеше.

6И ангелот Господов, му посведочи на Исус и му рече:

73 Цар 2,4; 9,4; Мал 2,7„Вака вели Господ Саваот: Ако одиш по патиштата Мои и се при­др­жуваш кон Моите уредби, ќе владееш со Мојот дом и ќе ги вардиш дво­ро­ви­те Мои. И Јас ќе ти дозволам да одиш меѓу тие луѓе што стојат овде.“

86,12; Ис 4,2; 8,18; Ер 23,5„Но, послушај, Исусе, велик свеш­тениче, ти и браќата твои, што се пред твоето лице, зашто тие луѓе се познати. Еве, Јас ќе го доведам Својот слуга – Зачетникот.

94,10; Откр 5,6Зашто, ете, тој е каменот што го поставувам пред Исус; на тој единствен камен има седум очи; ете, Јас ќе врежам натпис, вели Господ Саваот, и ќе го простам гревот на оваа земја во еден ден.“

103 Цар 5,4; Мих 4,4; 1 Мак 14,12„Во тој ден, вели Господ Саваот, ќе се поканувате еден со друг под лозата и под смоквата.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help