1 ; должината, широчината и височината негова – еднакви.
17Потоа ги измери ѕидовите негови, што беа сто четириесет и четири лакти, со мерка човечка која е и ангелска.
18Ѕидовите му беа изградени од јаспис; а градот – од чисто злато, како чисто стакло.
19Ис 54,11-12Темелите на градските ѕидови беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првиот темел – јаспис, вториот – сафир, третиот – халкидон, четвртиот – смарагд,
20петтиот – сардоникс, шестиот – сард, седмиот – хрисолит, осмиот – вирил, деветтиот – топаз, десеттиот – хрисопрас, единаесеттиот – хијацинт, дванаесеттиот – аметист.
21А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше од еден бисер; улиците на градот беа од чисто злато како проѕирно стакло.
221,8; Јн 2,19-21Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм.
23Ис 60,19-20И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлува, а светило му е Јагнето.
24Ис 60,3.5И спасените народи ќе одат по неговата светлина, и царевите земни ќе ја принесат во него својата слава и чест.
2522,5; Ис 60,11; Зах 14,7А портите негови нема да се заклучуваат дење, бидејќи таму нема да има ноќ.
26Пс 72,10-11И ќе ја внесат во него славата и честа на народите;
273,5; 13,8; Ис 35,8; 52,1; Зах 13,1-2; Јн 8,44-45; 1 Кор 6,9-10; 2 Птр 3,13и нема во него да влезе ништо нечисто, ни оној кој врши гнасни работи и лаже, а само оние кои се запишани во книгата на животот на Јагнето.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
