1 Дела 10,42; 1 Тим 6,14; 1 Птр 4,5 И така, те заколнувам пред Бога и нашиот Господ Исус Христос, Кој ќе им суди на живите и мртвите, кога ќе дојде Тој и Неговото царство:
2Дела 20,20.31; 1 Тим 4,1проповедај го словото, настојувај во погодно време и во невреме, укорувај, забранувај, советувај со голема долготрпеливост и поука.
31 Тим 1,10Зашто ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но, водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот;
41 Тим 1,4тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се свртат кон бајки.
5Но ти во сѐ биди трезвен, претрпи зло, направи дело достојно на благовестител, службата своја исполнувај ја добро!
Настапува времето за заминување6 Фил 2,17 Зашто јас веќе се изливам како жртва леаница, а времето за моето заминување настапи.
71 Тим 1,18; 6,12Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив.
81 Кор 9,25; Фил 3,14; 1 Тим 6,14; Јк 1,12; 1 Птр 5,4; Откр 2,10Понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото појавување.
Последни пораки9 1,4 Погрижи се да дојдеш кај мене скоро!
102 Кор 8,23; Гал 2,3; Кол 4,14; Тит 1,4; Фил 1,24Зашто Димас ме остави, бидејќи го засака сегашниот свет, и отиде во Солун; Крискент – во Галатија, Тит – во Далмација. Само Лука е со мене.
11Дела 12,12.25; 13,13; 15,37-39; Кол 4,10.14; Фил 1,24Земи го Марко и доведи го со себе, зашто ми е нужен во службата!
12Дела 20,4; Кол 4,7-8; Ефес 6,21-22А Тихик го пратив во Ефес.
13Дела 20,6Кога ќе дојдеш, донеси ја наметката што ја оставив во Троада, кај Карп и книгите, а особено пергаментите.
142 Сам 3,39; Пс 28,4; 62,12; Изреки 24,12; Рим 2,6; 1 Тим 1,20Ковачот Александар ми направи големо зло. Ќе му врати Господ според делата негови!
15Од него пази се и ти, бидејќи тој необично многу се воспротиви на нашите зборови!
161,15При мојата прва одбрана никого немаше кај мене: сите ме оставија. Нека не им се прими за грев!
17Дан 6,21; Мт 10,19; Фил 1,19; Кол 4,3Но Господ беше со мене и ме закрепна, та преку мене да се утврди Благовестието и да чујат сите незнабошци; и јас се избавив од устата на лавот.
18Рим 16,24Господ ќе ме избави од секакво лошо дело и ќе ме запази за Своето небесно царство. Нему слава во вечни векови. Амин!
Завршни поздрави19 Дела 18,2 Поздрави ги Прискила и Акила, и Онисифоровиот дом.
20Дела 19,22; 20,4Ераст остана во Коринт. А Трофим го оставив болен во Милит.
21Побрзај да дојдеш пред зимата! Те поздравуваат Евул, Пуд, Лин, Клавдија и сите браќа.
22Господ Исус Христос нека е со твојот дух! Благодат на сите вас! Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.