1Еве ги синовите Израелови според нивниот број, началници на родовите, илјадници, стотници и чиновници, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доаѓајќи и заминувајќи секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири илјади.
211,11; 2 Сам 23,8Над првото одделение, за првиот месец, началник беше Јашовам, син Завдиелов; во одделението негово имаше дваесет и четири илјади;
3тој беше од потомците на Фарес и началник над сите воени началници во првиот месец.
42 Сам 23,9Над одделенето за вториот месец беше Додај, Ахохиецот; во одделението негово беше и началникот Миклот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
511,22-25
2 Сам 23,20Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јодај; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади;6тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделение се наоѓаше неговиот син Амизавад.
72 Сам 2,18Четвртиот, за четвртиот месец, беше Асаил, Јоавов брат, и по него синот негов Зевадија; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
8Петтиот, за петтиот месец, беше началникот Шамхут, син на Израх; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
92 Сам 23,26Шести, за шестиот месец, беше Ира, син на Икеш, Текоецот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
10Седми за седмиот месец, беше пелонјанецот Хелец, од Ефремовите синови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
112 Сам 21,18Осми, за осмиот месец, беше Сивхај, хушанчанецот од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
12Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Венијаминови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
13Десетти, за десеттиот месец, беше Махарај, Нетофатец, од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
14Единаесетти, за единаесеттиот месец, беше Ванеја, од Пиратон, од синовите Ефремови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
15Ис.Н. 15,17; 2 Сам 23,29Дванаесетти, за дванаесеттиот месец, беше нетофатецот Хелдај, од потомците на Готониил; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.
Кнезови во Израел16А над Израеловите племиња началници беа: во Рувимовото – кнезот Елиезер, Зихриевиот син; во Симеоновото – Сафатија, Мааховиот син;
17во Левиевото – Хашавија, син Кемуелов; во Ароновото – Садок;
18во Јудиното – Елијуј, од Давидовите браќа; во Исахаровиот – Омриј, Михаилов син;
19во Завулоновото – Јишмаја, Авдиев син; во Нефталимовото Јеремот, Азриилов син;
20во Ефремовото – Осија, Азазиевиот син; во едната половина од Манасиевото племе – Јоил, Федаевиот син;
21во другата половина од Манасиевото племе во Галаад – Идо, Захариевиот син; во Венијаминовото – Јасиел, Авенировиот син;
22во Дановото – Азариил, Јерохамовиот син. Тоа беа водачите на Израеловите племиња.
231 Мојс 12,2; 15,5; 2 Сам 24,1Давид не ги преброи оние што беа од дваесет години и подолу, зашто Господ беше рекол дека ќе го размножи Израел како ѕвездите небески.
2421; 2 Сам 24,15Саруевиот син Јоав го почна пребројувањето, но не го доврши, и гнев Божји дојде врз Израел поради тоа пребројување, и тоа не се впиша во летописите на царот Давид.
Службеници над царските ризници и имоти25Над царските ризници беше Азмавет, Адиеловиот син, а над богатствата во полето, во градовите, во селата и во кулите – Јонатан, Озиевиот син;
26а над оние што работеа по полињата и ја обработуваа земјата беше Езри, Келувовиот син;
27над лозјата – Семеј од Рама, а над визбите со вино во лозјата – Завдиј, Шефамиецот;
28над маслините и смоквите во полињата – Гедерецот Ваал-Ханан, а над складовите за масло – Јоас;
29над крупниот добиток, што пасеше во Сарон – Саронецот Шитрај, а над добитокот во долините – Шафат, синот на Адлај;
30над камилите – Јишмаелецот Овил; над магариците – Мероќанецот Јехдеја;
31над ситниот добиток – Хагриецот Јазиз. Сите тие беа началници над цар Давидовиот имот;
Давидови советници32Јонатан, Давидовиот чичко, беше советник, човек умен и писмен; и Јехиил, Ахмониевиот син, беше со царските синови;
332 Сам 15,12.37Ахитофел беше царев советник; а Кушиј Аркиецот – царев пријател;
341 Сам 22,20а по Ахитофел дојдоа Јодај, Бенаевиот син, и Авијатар; Јоав, пак, беше началник на царската војска.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.