1 3 Мојс 26,42-44 Дојде ангел Господов од Гилгал во Бохим и рече: „Јас ве изведов од Египет и ве воведов во земјата, за која им се заколнав на татковците ваши; и реков: – нема да го нарушам Мојот завет со вас никогаш;
22 Мојс 23,32; 34,12; 5 Мојс 7,2; 5 Мојс 12,3вие, пак, не влегувајте во сојуз со жителите на оваа земја; на боговите нивни не им се поклонувајте, идолите нивни скршете ги, жртвениците нивни урнете ги. Но вие не го послушавте гласот Мој. Зошто постапивте така?
32 Мојс 23,33; 34,12; 5 Мојс 7,16Затоа велам: нема да ги истерам од вас, и тие ќе бидат трње за вас, а боговите нивни ќе ви бидат соблазна.“
4Кога ангелот Господов ги кажа тие зборови пред сите синови Израелови, народот крена голем пискот и заплака.
5Поради тоа и го нарекуваат тоа место Бохим. Таму тие Му принесоа жртва на Господ.
Смртта на Исус6Откако Исус го распушти народот, синовите Израелови заминаа секој во својот дел за да добие во наследство земја.
7Народот Му служеше на Господ во текот на сите денови на Исус и во текот на сите денови на старешините, кои го надживеаја Исус, и кои го беа виделе сето големо дело на Господ што Тој го направи за Израел.
8А кога умре Исус, синот Навинов, слуга Господов, на сто и десет години,
9Ис.Н. 19,49го погребаа во пределите на неговиот дел што го наследи во Тимнат-Херес, во Ефремовата Гора, на север од планината Гааш;
10Гал 4,8и кога целото поколение им се придружи на своите предци, и настана по нив друг род, кој не Го знаеше Господа и делата Негови, какви што му беше направил на Израел, –
Народот отстапува од Господ11 3,7; 3,12; 4,1; 6,1; 8,33; 10,6; 1 Цар 16,31; 22,53-54 тогаш Израеловите синови почнаа да прават зло пред Господ и да му служат на Ваал;
124 Мојс 11,33; 5 Мојс 4,25; Пс 78,58; 106,40Го оставија Господа, Бог на татковците нивни, Кој ги беше извел од земјата египетска, и се свртеа кон други богови, кон боговите на тамошните места, и почнаа да им се поклонуваат, и Го разгневија Господа;
13Го оставија Господа и почнаа да им служат на Вааловци и на разни Астарти.
145 Мојс 31,17; Неем 9,27Тогаш Господ силно се разгневи против Израелците и ги предаде во рацете на грабачи, кои ги ограбуваа; и ги предаде во рацете на околните народи, и не можеа повеќе да одолеат пред непријателите свои.
155 Мојс 28,15-46Насекаде, каде и да отидеа тие, раката Господова беше против нив на зло, како што им беше говорел Господ и како што им се беше заколнал Господ. И тие беа на голема мака.
16Пс 106,43; Дела 13,20Тогаш Господ постави судии, кои ги спасуваа од рацете на оние што ги пленеа.
17Ос 1,2; Пс 106,36; Неем 10,28Но тие и нив не ги слушаа, туку блудствуваа со други богови и ним им се поклонуваа, а потоа скршнаа од патот, по кој одеа нивните предци, кои им се покоруваа на заповедите од Господ. Тие не правеа така.
181 Сам 7,3; 2 Цар 13,5Но кога Господ им поставуваше судии, Сам Господ беше со судијата и ги спасуваше од непријателите нивни во текот на целиот век на судијата, зашто Господ ги сожалуваше, слушајќи ги офкањата нивни од оние што ги угнетуваа и потискаа.
19Но штом ќе умреше судијата, тие одново почнуваа да живеат во уште поголем разврат од своите предци, одејќи по други богови, да им служат и да им се поклонуваат. И не отстапуваа од делата свои жестоки и од лошиот пат свој.
Господ го искушува Израел20 Ис.Н. 7,11; 2 Цар 17,15 Тогаш Господ силно се разгневи против Израел и рече: „Поради тоа што овој народ отстапи од заветот Мој што го поставив со нивните предци, и не го послушаа гласот Мој,
21ни Јас нема повеќе да протерувам пред нив ниеден од народите што ги остави Исус, кога умираше,
22за да го испитам Израел; ќе почнат ли да се држат до патот Господов и да одат по него, како што се држеа татковците нивни, или не?“
23И Господ ги остави тие народи и не ги протера веднаш и не ги предаде во рацете на Исус.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.