Откровение 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Отворање на седмиот печат

1 Авак 2,20; Соф 1,7; Зах 2,17 Кога го отвори седмиот печат, наста­на тишина на небото околу по­ло­вина час.

24,5; Мт 24,31И ги видов седумте ангели што стоеја пред Бога и им беа дадени седум труби.

35,8; 2 Мојс 30,1-3; Амос 9,1; Пс 141,2Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му беше даден многу темјан, та со мо­литвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше пред престолот.

4Пс 141,2Димот од темјанот, заедно со мо­лит­вите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога.

54,5; 11,19; 16,18; 3 Мојс 16,12; Ез 10,2И ја зеде ангелот кадилницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фр­ли на земјата, и тогаш се појавија гласови, грмотевици, светкавици и земјотрес.

Седумте труби

6И седумте ангели што ги држеа се­думте труби, се приготвија да затрубат.

7Ез 38,22; Јоил 3,3Првиот ангел затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и паднаа на земјата. И една третина од дрвјата изгореа, и сета зелена трева изгоре.

8Ер 51,25Затруби и вториот ангел – и како некоја голема гора, пламната во оган, се срина во морето; и третина од морето се претвори во крв;

9и умре една третина од морските суштества, што имаа душа; и една тре­тина од корабите пропаднаа.

10Ис 14,12И третиот ангел затруби, и од не­бо­то падна голема ѕвезда, која гореше ка­ко светило, и падна врз третината од ре­ките и водните извори.

11А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пе­лин, и многу луѓе умреа од водите, би­дејќи беа загорчени.

126,14; 2 Мојс 10,21-23; Ис 13,10; Ез 32,7-8; Мт 24,29; Лк 21,25; 23,44-45; Јн 1,5; 5,35Потоа затруби и четвртиот ангел, и беше удрена една третина од сонцето, една третина од месечината и една третина од ѕвездите, за да потемнее ед­на третина од нив, та третина од денот, како и на ноќта, да не свети.

139,12; 11,14; 14,6; Ез 7,5.26И видов и чув еден орел како лета среде небото и вика со висок глас: „Тешко, тешко, тешко на оние што жи­веат по земјата од другите трубни гла­сови на трите ангели што ќе трубат!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help