1 96,1; 97,1; 98,4; 100,1 Воскликни Му на Бога, Земјо цела!
2Ефес 1,12.14Воспејте го името Негово, воздајте Му слава и похвала!
318,44; 81,15Кажете Му на Бога: колку се страшни делата Твои! Поради големината на силата Твоја, ќе Ти се покоруваат непријателите Твои.
4Целата земја Ти се покорува и Ти пее, Ти пее на Твоето име!
546,8Дојдете и видете ги делата Божји, колку е страшен во чудата Свои за синовите човечки.
6114,3; 2 Мојс 14,21-22; Ис.Н. 3,16-17; Ис 44,27; 50,2Тој го претвори морето во суво; преку река минаа со нозе; таму се зарадувавме во Него.
7Со Својата моќ Тој владее вечно; Неговите очи гледаат на народите за да не се кренат бунтовниците.
8Благословувајте Го, народи, нашиот Бог и искажете Му похвала гласно.
9121,3Тој ѝ даде живот на душата наша и не дозволи да потклекнат нозете наши;
1026,2; Ис 48,10Ти нѐ испита, Боже, нѐ очисти, како што среброто со оган се пречистува.
11Ти нѐ воведе при примка, ни стави товар на нашите плеќи.
1232,6; 81,7; Ис 43,2Допушти луѓето да ни се качат на глава. Минавме низ оган и вода, но нѐ изведе да здивнеме.
1322,25Ќе влезам во Твојот дом со сепаленица, ќе Ти ги исполнам моите завети,
14што ги изговорија усните мои и ги искажа устата моја кога бев во неволја.
1551,19Мрсни сепаленици ќе Ти принесам Тебе, со кадило од овни, ќе Ти принесам Тебе и волови и кози.
169,1Дојдете и чујте вие сите кои се боите од Бога и ќе ви раскажам сѐ што направи Тој за душата моја.
17Повикав кон Него со устата моја и Го возвеличив со јазикот свој.
18Јн 9,31Да мислев беззаконие во срцето мое, Господ немаше да ме услиши.
1917,1Но ме услиши Господ, го чу гласот на молењето мое.
20Нека е благословен Бог, Кој не ја отфрли молитвата моја и не ме остави без милоста Своја!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
