Јов 29 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Последен говор на Јов: ах, убавите некогашни денови!

1Го продолжи Јов својот возвишен збор и рече:

21,1-3„О, да бев како во поранешните месеци, како во оние денови, кога Бог ме чуваше,

3кога светилото Негово светеше над главата моја, и под Неговата светлина одев среде темнина;

41,10; Пс 25,14; Изреки 3,32како што бев во деновите на свои­те млади години, кога милоста Божја беше над шаторот мој,

5Пс 127,3-5; 128,3кога Седржителот уште беше со мене, и децата мои околу мене,

65 Мојс 32,13кога нозете мои се бањаа во млеко, кога од карпата за мене маслиново масло течеше,

7кога излегував пред градските порти и го поставував седиштето мое на плоштадот, –

83 Мојс 19,32младите пат ми правеа, а старците стануваа и стоеја;

9кнезовите ги прекинуваа говорите свои и ставаа рака на устата своја;

10гласот на првенците замолкнуваше, јазикот им се залепуваше за непцата нивни.

11Уво што ќе ме чуеше, велеше: блазе си ти; око што ќе ме видеше, ме восфалуваше,

1231,16; Ис 11,4-5; Пс 72,12зашто јас го спасував страдалникот што викаше и беспомошниот сирак.

1331,17-18Врз мене доаѓаше благословот на оној што пропаѓаше; на вдовичиното срце му донесував радост.

1419,9; Ис 59,17; Пс 132,9Се облекував во правда, и судот ми беше како наметка и венец.

15Изреки 31,8Јас бев очи на слепиот и нозе на хромиот;

16Изреки 29,7за сиромасите бев татко и внимателно ја проучував поплаката, која не ја знаев.

17Ис 11,4На беззаконикот му ги кршев забите, и од забите му го истргнував украденото.

18Ис 40,31; Пс 103,5Па си велев: ‚Ќе свршам во гнездото свое, и дните мои ќе бидат многу – како песокот.‘

19Ер 17,8; Пс 1,3Коренот мој беше покрај вода, ро­сата ноќеваше на гранките мои;

201 Мојс 49,24славата моја се подмладуваше, и ла­кот мој стануваше појак во раката моја.

21Ме слушаа и чекаа; и не мрмореа на советот мој.

225 Мојс 32,2По моите зборови веќе не расудуваа; зборот мој ги натопуваше нив.

23Ме очекуваа како дожд; ја отвораа устата како за задоцнет дожд.

24Изреки 16,15Се случуваше, ќе им се насмевнев, – тие не веруваа; и светлината на лицето мое не ја замрачуваа.

25Кога одев кај нив, седев на чело; и живеев како цар меѓу војници, како утешител на оние што плачат.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help