1И Господ му рече на Мојсеј велејќи:
212,2; 26,30; 3 Мојс 1,1; 4 Мојс 1,1; Ис.Н. 18,1„Во првиот ден од првиот месец подигни ја скинијата на собранието,
326,33потоа постави го таму ковчегот на заветот и засолни го со завесата;
425,23.31внеси ја трпезата, и постави сѐ што треба да се намести на неа; внеси го и светилникот, а стави ги и кандилцата на него;
530,1постави го златниот жртвеник за кадење пред ковчегот на заветот; и закачи завеса пред влезот во скинијата.
627,1; 2 Цар 16,14; 2 Лет 4,1Постави го и жртвеникот за жртви сепаленици пред влезот во скинијата;
730,18стави го мијалникот меѓу скинијата и жртвеникот, и налеј вода во него;
827,9огради го дворот наоколу, и закачи ја завесата на вратата од дворот;
930,26; 3 Мојс 8,10-13; 4 Мојс 7,1па земи масло за помазание, и помажи ја скинијата и сѐ што има во неа: и освети ја неа и сите принадлежности нејзини, па ќе биде света.
10Помажи го и жртвеникот за жртви сепаленици и сиот прибор негов, па освети го жртвеникот, и жртвеникот ќе стане пресвет.
11Помажи го и мијалникот, и подножјето негово, и освети го.
1229,4-8; 30,19Потоа доведи го пред влезот од скинијата Арон и синовите негови и измиј ги со вода;
1328,41; 3 Мојс 8,12облечи го Арон во светите одежди и помажи го и освети го, за да Ми биде свештеник.
1428,40; 3 Мојс 10,5Доведи ги и синовите негови, и облечи ги во хитони,
1529,9и помажи ги, како што го помаза таткото нивни, за да Ми бидат свештеници; и помазанието нивно ќе ги освети за вечно свештенство во нивните поколенија.“
Мојсеј ја поставува скинијата16 1 Мојс 6,22 И направи Мојсеј сѐ; како што му заповеда Господ, така направи.
174 Мојс 1,1Во првиот месец од втората година, во првиот ден во месецот се подигна скинијата.
1836,20-34; 2 Лет 1,3Мојсеј ја подигна скинијата: ги постави подножјата нејзини, ги исправи штиците, ги постави напречниците, и ги исправи столбовите;
1936,19па ги распна платништата над скинијата, а над нив го ставија покривот одозгора, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
2016,34; 25,17-22; 26,34; 31,7; Евр 9,4И, откако го зеде откровението, го стави во ковчегот, и стави ногалки под ковчегот, па го стави чистилиштето одозгора над ковчегот.
2126,33Потоа го внесе ковчегот во скинијата, и ја закачи завесата, та го засолни ковчегот на заветот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
2225,23И ја постави трпезата во скинијата на собранието од северната страна на скинијата, пред завесата;
2325,30; 3 Мојс 24,5-8потоа постави на неа лебови за принос пред Господ, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
2425,31Го намести светилникот во скинијата, спрема трпезата, од јужната страна на скинијата,
2537,23а ги постави и кандилцата пред Господ, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
2630,1Го постави златниот жртвеник во скинијата, пред завесата,
27и стави на него да гори мирисно кадиво, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
2826,36Ја закачи завесата пред влезот во скинијата;
2920,24; 29,38-42потоа го постави и жртвеникот за жртви сепаленици при влезот во скинијата, и принесе на него жртва сепаленица, и лебен принос, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
3030,18; 40,7Го намести и мијалникот меѓу скинијата и жртвеникот, и налеа во него вода за миење;
3130,19-21и од него Мојсеј и Арон и синовите негови си ги миеја рацете свои и нозете свои;
3230,20а ги миеја кога влегуваа во скинијата на собранието и кога пристапуваа кон жртвеникот, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
3327,9.16; 38,9-20Го огради и дворот околу скинијата и жртвеникот, и ја стави завесата на влезната врата од дворот. Така ја доврши Мојсеј сета работа.
Славата Господова ја исполнува скинијата34 16,7.10; 19,16; 24,15-16; 25,8-22; 3 Мојс 16,2; 4 Мојс 9,15-23; 1 Цар 8,10-13; Ис 6,3-4; Ез 10,4; 43,1-5; 2 Лет 5,1.13; 6,2; Јн 1,14; Откр 15,8 Тогаш облак ја покри скинијата на собранието и се исполни скинијата со слава Господова;
3516,10; 1 Цар 8,11; Ис 6,1; 2 Лет; 5,13-14; 7,2и Мојсеј не можеше да влезе во скинијата, зашто облакот го засенуваше, и славата Господова ја исполнуваше скинијата.
3613,21-22; 4 Мојс 9,15-23И секогаш кога се креваше облакот од скинијата, тогаш синовите израелски поаѓаа на пат;
37а кога не се креваше облакот, тогаш ни тие не поаѓаа сѐ до денот, кога ќе се кренеше,
3813,21; Пс 78,14; 105,39; Неем 9,19; 1 Кор 10,1зашто облакот Господов стоеше над скинијата дење, а ноќе во облакот се појавуваше оган пред очите на целиот дом Израелов, при сите нивни патувања.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.