1 Царевите 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Соломон се жени со фараонска ќерка

1 2 Сам 5,7 Соломон се сроди со фараонот, египетскиот цар, и ја зеде фараоновата ќерка и ја воведе во Давидовиот град, додека да го изгради домот свој, домот Господов и ѕидовите околу Еру­салим.

2Народот уште принесуваше жртви по високите места, бидејќи до она време не беше изграден дом за името Господо­во.

3Соломон Го возљуби Господа, одејќи по наредбите на својот татко Давид, но и тој принесуваше жртви и кадеше по високите места.

Соломон Му се моли на Бога да му подари мудрост(2 Лет 1,3-13)

4Затоа царот отиде во Гаваон за да принесе таму жртва, бидејќи таму беше главното високо место. Илјада сепале­ници принесе Соломон врз тој жртве­ник.

52 Лет; 1,7-13

9,1-9Во Гаваон Господ му се јави на Со­ломон ноќе во сон и му рече: „Барај што сакаш да ти дадам.“

62 Сам 7,15Соломон одговори и рече: „Ти му направи голема милост на Твојот слуга, татко ми Давид; и поради тоа што тој одеше пред Тебе, по вистината и пра­ведноста и со искрено срце кон Тебе, Ти му ја зачува таа голема милост и му подари син, кој седи на престолот негов, како што е тоа денес;

7и денес, Господи, Боже мој, Ти го постави за цар Твојот слуга место татко ми Давид, но јас сум сосема млад, не знам како да се однесувам.

85 Мојс 7,7-8А Твојот слуга е среде Твојот народ што си го избрал, народ толку многу­броен, па поради мноштвото негово не може ни да се преброи, ни да се догледа.

9Подари му, пак, на Твојот слуга раз­умно срце за да му служи на Твојот на­род и да разликува: што е добро и што е зло; зашто, кој може да управува со тој многуброен Твој народ?“

10Мило Му беше на Господ што Соломон го побара тоа.

11Господ му рече: „Затоа што го по­бара тоа, и не побара за себеси долг живот, не побара богатство, не ги по­бара душите на твоите непријатели, ту­ку си побара разум за да умееш да судиш, –

122 Цар 18,5; 23,25; Проп 1,16Јас ќе направам според зборот твој: еве, ти давам мудро и разумно срце, така што подобен на тебе немало пред тебе, и по тебе нема да се издигне сличен на тебе;

13и она што не го побара, Јас ти го давам, – и богатство, и слава, така што нема да има подобен на тебе меѓу царевите во сите твои денови;

14и ако одиш по Мојот пат, пазејќи ги Моите наредби и Моите заповеди, како што одеше татко ти Давид, ќе ги про­должам и твоите дни.“

15Соломон се разбуди, и, ете, тоа беше сон. И отиде во Ерусалим, та застана крај ковчегот на заветот Господов, принесе сепаленици и жртви за мир и богато ги нагости сите свои слуги.

Една мудра Соломонова пресуда

16Тогаш дојдоа кај царот две жени блудници и се исправија пред него.

17И едната жена рече: „О, господаре мој! Јас и оваа жена живееме во една куќа, и родив кај неа во таа куќа;

18а на третиот ден, откако родив, роди и таа жена; ние бевме заедно, и во куќата кај нас немаше ниту еден човек од надвор; само ние двете бевме во куќата.

19Преку ноќта умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него;

20а таа преку ноќта станала, го зела мојот син од мене, додека јас, твојата слугинка, сум спиела, и го ставила до градите свои, а својот мртов син го ставила до моите гради.

21Утредента станав да го надојам синот свој, и ете, тој беше мртов; а кога на виделина се загледав во него, тоа не беше мојот син што го бев родила.“

22Другата жена рече: „Не, мојот син е живиот, а твојот син е умрениот.“ А таа ѝ велеше: „Не, твојот син е умрениот, а мојот е живиот.“ И се препираа така пред царот.

23Царот тогаш рече: „Оваа говори: мојот син е живиот, а твојот е умрени­от; а онаа говори: Не, твојот син е умрениот, а мојот син е живиот.“

24Потоа царот рече: „Дајте ми меч!“ И му донесоа меч.

25И тогаш царот рече: „Пресечете го живото дете на две половини и дајте ја едната половина на едната, а другата половина на другата.“

26И му одговори на царот онаа жена, чиј беше живиот син, зашто целата неј­зина утроба се беше растреперила од жал спрема нејзиниот син: „О, господаре мој! Дајте ѝ го тоа дете живо и не го убивајте.“ А онаа другата рече: „Не­ка не биде ни мое, ни твое, сечете го!“

27И царот проговори и рече: „Дајте ѝ го живото дете на првата, и не го убивајте: таа е неговата мајка.“

28Ис 9,6; Пс 72,1-2; Изреки 16,12; 29,14И сиот Израел слушна за судот, ка­ко пресуди царот. И почнаа да се однесуваат кон царот со длабока почит, за­што видоа дека има мудрост Божја во него за да извршува суд.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help