Создавање 50 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Погребувањето на Јаков

1Тогаш Јосиф падна врз лицето на својот татко, заплака над него, и го бакна.

2, што е отаде Јордан.

12И направија синовите негови онака, како што им беше заповедал;

13Дела 7,16го однесоа синовите негови во земјата хананска, и го погребаа во пеште­рата на нивата Махпела, што ја беше купил Авраам од Хитиецот Ефрон, спроти Мамре, за да има гробница.

14А Јосиф се врати во Египет, – тој и браќата негови, и сите, кои беа на по­гребот на неговиот татко.

По смртта на Јаков

15Кога видоа браќата Јосифови дека нивниот татко умре, си рекоа еден на друг: „Да не би да си спомне Јосиф за нашата омраза, па да ни се одмазди за сето зло, што му го направивме!“

16Затоа рекоа да му кажат на Јосиф: „Татко ти остави клетва пред да умре и рече –

17Мт 6,12.14; Лк 17,3‚Вака кажете му на Јосиф: Прости им ги на браќата твои неправдата и гревот нивни, што ти ги направија.‘ И ете, сега прости им го гревот на слугите на татковиот ти Бог.“ А Јосиф заплака, кога му го рекоа тоа.

1837,7.9Потоа дојдоа пред него и рекоа: „Еве, ние сме слуги твои.“

1945,5Јосиф им рече: „Не плашете се, зар сум јас наместо Бог?

20Рим 12,17-21; 1 Сол 5,15Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро, за да се изврши она, што денес се случува: да се зачува животот на многу луѓе.“

21И им рече: „Не плашете се, јас ќе ве прехранам вас и вашите деца.“ Така ги утеши, зборувајќи им од срце.

22И продолжи да живее Јосиф во Египет, тој и браќата негови и целиот дом на таткото негов: поживеа Јосиф сто и десет години.

23И ги виде Јосиф синовите Ефре­мови до третото колено; а и синовите на Махир, синот Манасиев, се родија на колената Јосифови.

242 Мојс 12,41Тогаш им рече на браќата свои, велејќи: „Јас ќе умрам; но Бог ќе ве посети и ќе ве изведе од оваа земја во земјата, за која им се заколнал на Авраам, на Исак и на Јаков.“

252 Мојс 13,19; Ис.Н. 24,32; Евр 11,22Па ги заколна Јосиф синовите на Израел и им рече: „Кога Бог ќе ве посети вас, вие тогаш понесете ги коските мои одовде со вас!“

26Јосиф умре на сто и десет години. Го балсамираа и го положија во ковчег во Египет.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help