Матеј 25 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Парабола за десетте девојки

1 Лк 12,35-36 „Тогаш царството небесно ќе заприлега на десет девојки, кои ги зедоа своите светилки и излегоа да го пречекаат младоженецот.

2Петте од нив беа мудри, а петте не­ра­зумни.

3Неразумните ги зедоа светилките свои, но не понесоа со себе масло;

4а мудрите, заедно со светилките, зе­доа во садовите свои и масло;

524,48; 2 Птр 3,9и бидејќи младоженецот се забави, сите задремаа и заспаа.

6Лк 17,34; 1 Сол 5,2А на полноќ се чу викање: ‚Еве го младоженецот, излезете да го пре­че­ка­те!‘

7Тогаш сите тие девојки станаа и ги приготвија своите светилки.

8Изреки 13,9Неразумните, пак, им рекоа на муд­рите: ‚Дајте ни од вашето масло, зашто нашите светилки гаснат.‘

9Мудрите им одговорија и рекоа: ‚Но, може да не ни стигне и нам и вам: по­добро одете кај продавачите и купете си!‘

1024,44; Откр 19,7.9А кога тие отидоа да купат, прис­тигна младоженецот и приготвените влегоа со него на свадбата, и вратите се затворија.

11Лк 13,25Потоа дојдоа и другите девојки и викаа: ‚Господаре, господаре, отвори ни!‘

127,23; Лк 13,27А тој им одговори и рече: ‚Вистина, ви велам: не ве познавам!‘

1324,36.42; Мк 13,33И така, бидете будни, зашто не го знаете ни денот, ни часот, кога ќе дојде Синот Човечки.“

Парабола за талантите(Лк 19,11-27)

14 Лк 19,12 „Зашто, Тој ќе постапи како чо­ве­кот, кој тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот;

15и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден, секому според способноста негова; и веднаш замина.

16Оној што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти;

17и исто така и оној што зеде два та­ланта, спечали други два;

18а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така ги сокри па­ри­те на својот господар.

1918,23По долго време дојде господарот на тие слуги и побара да му поднесат сметка.

20И кога пристапи оној што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: ‚Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил уште пет.‘

2119,28; Лк 12,44; 16,10Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја ра­доста со својот господар!‘

22Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: ‚Господаре, ти ми предаде два таланта, ете, со нив спечалив уште два.‘

23Јн 15,11Господарот му рече: ‚Убаво, добар и верен слуго! Во малку беше верен, над многу ќе те поставам; сподели ја ра­доста со својот господар!‘

24Пристигна и оној што беше зел еден талант и рече: ‚Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш каде што не си сеел, и собираш каде што не си ве­ел,

25па се уплашив и отидов, и го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.‘

26А господарот му одговори и рече: ‚Зол и мрзлив слуго! Ако си знаел дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам каде што не сум садел,

27требаше моите пари да им ги дадеш на трговците, па кога ќе дојдам да си го приберам своето со добивка;

28земете го од него талантот и дајте му го на оној што има десет таланти;

2913,12; Лк 19,26зашто секому, што има, ќе му се да­де и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има;

308,12а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина: таму ќе биде плач и крцкање со заби.‘“ (Откако го рече тоа, извика: „Кој има уши да слуша, нека чуе.“)

Судниот ден

31 16,27; 19,28; Зах 14,5; Мк 8,38; Лк 9,26; Јуда 1,14 „А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја,

3213,49; Ез 34,17и ќе се соберат пред Него сите народи, па ќе ги оддели едни од други, како што ги одделува овците од козите;

3322,44; Пс 110,1и ќе ги постави овците од Својата десна страна, а козите од левата.

34Лк 22,30; Ефес 1,4Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: ‚Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од по­четокот на светот;

35Ис 58,7; Јов 31,32; Лк 14,12-14; Дела 6,1-3зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, стра­нец бев и Ме примивте;

36Лк 3,11; 2 Тим 1,16-18; Евр 13,3необлечен бев и Ме облековте; бо­лен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене.‘

37Тогаш праведниците ќе Му одговорат и речат: ‚Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме?

38Кога те видовме странец и Те прибравме, или необлечен и Те облековме?

39Кога Те видовме болен, или во зат­вор и Те посетивме?‘

4010,40.42; 18,5; Изреки 19,17; Јн 20,17; Откр 11,15А Царот ќе им одговори и ќе рече: ‚Вистина, ви велам: доколку сте го на­правиле тоа за еден од овие Мои најма­ли браќа, за Мене сте го направиле.‘

417,23; 2 Сол 1,9; Јуда 1,7Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ‚Бегајте од Мене, проклети, во вечен оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!

42Јов 22,7Зашто, гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте;

4310,14; Јов 22,6; Лк 9,53странец бев и не Ме прибравте; не­облечен бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.‘

44Тогаш и тие ќе Му одговорат и ре­чат: ‚Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или необлечен, или болен, или во затвор – не Ти пос­лу­живме?‘

45Тогаш ќе им одговори и рече: ‚До­колку не сте го направиле тоа за еден од овие најмали браќа ни за Мене не сте го направиле.‘

46Дан 12,2; Јн 5,29И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците – во живот вечен.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help