1 ;
1911,45; Јов 2,11и мнозина Јудејци беа дошле кај Марта и Марија да ги утешат за нивниот брат.
20Ез 8,14Кога чу Марта дека доаѓа Исус, излезе пред Него; а Марија седеше дома.
2111,32Тогаш Марта Му рече на Исус: „Господи, ако беше Ти овде, брат ми немаше да умре.
22Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде.“
23Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе воскресне!“
245,28-29; 6,39-40; Дан 12,2; Дела 24,15Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне при воскресението, во последниот ден.“
251,4; 20,31; Кол 3,4; Откр 1,18А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее.
265,24; 8,51; Мт 22,23И секој што живее и верува во Мене, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?“
276,14.69Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека си Ти Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светот.“
Исус просолзува28Штом го рече тоа, отиде и ја повика сестра си Марија тајно, велејќи: „Учителот е овде и те вика.“
29Таа кога чу, стана бргу и отиде кај Него;
30зашто Исус уште не беше дошол во селото, а стоеше каде што Го беше дочекала Марта.
31Јудејците, што беа со неа дома и ја утешуваа, кога видоа дека Марија стана бргу и излезе, отидоа и тие по неа, мислејќи дека ќе оди на гробот да плаче.
3211,21А Марија, штом пристигна таму каде што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: „Господи, да беше ти овде, немаше да умре брат ми!“
3312,27; Мк 3,5Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи и се потресе,
34па рече: „Каде сте го положиле?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“
35Лк 19,41Исус просолзи.
36Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го сакал!“
379,6-7Некои од нив, пак, велеа: „Не можеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?“
Воскреснувањето на Лазар38 20,1; Мт 27,60; Лк 23,53; 24,2 А Исус, пак, се нажали во Себе и дојде до гробот; тоа беше пештера и камен навален на неа.
39Рече Исус: „Кренете го каменот!“ Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; има четири дена откако е умрен!“
401,14; 2,11Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш славата Божја?“
4117,1; Мт 14,19; Мк 6,41; Лк 18,13; Дела 7,55Тогаш го дигнаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: „Оче, Ти благодарам што Ме услиши.
426,29; 12,30; 17,8.21; 1 Цар 18,36-37; 1 Јн 5,14-15Јас знаев дека Ти секогаш Ме услишуваш; но ова го реков заради народов што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“
43Кога го рече ова, извика со висок глас: „Лазаре, излези надвор!“
4419,40; 20,6-7излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете; а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“
Заговор против Исус(Мт 26,1-5; Мк 14,1-2; Лк 22,1-2)45 7,31; 8,30; 12,11.42 Тогаш мнозина од Јудејците што беа дошле со Марија и видоа што направи Исус, поверуваа во Него.
465,15Некои од нив отидоа кај фарисеите и им рекоа што направи Исус.
47Мт 26,3-5Тогаш првосвештениците и фарисеите се собраа на совет и рекоа: „Што да правиме? Овој Човек прави многу чуда.
48Дела 4,16Ако Го оставиме така, сите ќе поверуваат во Него и ќе дојдат Римјаните, па ќе ни ја одземат и земјата и народот.“
4918,13; Лк 3,2А еден, пак, од нив, Кајафа, кој таа година беше првосвештеник, им рече: „Вие ништо не знаете,
5018,14; 2 Кор 5,14ниту помислувате дека е поарно за нас да умре еден човек за народот, отколку сиот народ да пропадне.“
511 Мојс 50,20; 4 Мојс 27,21А ова не го рече тој сам од себе, туку, бидејќи беше првосвештеник таа година, прорече дека Исус ќе умре за народот;
5210,16; 1 Јн 2,2и не само за народот, туку и за да ги собере заедно растурените Божји чеда.
535,18; 7,1.25; 8,37.40; Мт 12,14Од тој ден се согласија да Го убијат.
543,22Заради тоа Исус веќе не одеше јавно меѓу Јудејците, а оттаму отиде во крај, близу една пустина, во градот наречен Ефрем, и таму се задржа со учениците Свои.
552,13; 13,1; 18,28; 2 Мојс 19,10-15; 4 Мојс 9,9-14; 2 Лет 30,1-3.17-20; Дела 21,24-26А се наближуваше јудејскиот празник Пасха и мнозина од тој крај отидоа во Ерусалим пред Пасхата, за да се очистат.
567,11Тогаш Го бараа Исус и, стоејќи во храмот, си разговараа меѓу себе: „Што мислите? Нема ли да дојде на празникот?“
57А првосвештениците и фарисеите беа веќе издале заповед, ако некој дознае каде е, да јави, за да Го фатат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.