1 21,33; 28,10 И тргна Израел со сѐ што имаше, па, откако дојде во Вирсавија, Му принесе жртва на Бога од таткото свој Исак.
215,1; 31,24И му рече Бог на Израел ноќе во видение: „Јакове! Јакове!“ А тој одговори: „Еве ме!“
326,23-25; 28,13-15Тогаш Тој му рече: „Јас сум Бог, Бог на твојот татко. Не плаши се да слезеш во Египет, бидејќи таму ќе направам од тебе голем народ.
450,1Јас ќе дојдам со тебе во Египет, и Јас пак ќе те вратам ваму; и Јосиф ќе ги заклопи очите твои.“
545,19-21И тргна Јаков од Вирсавија; и синовите на Израел го сместија Јаков, таткото свој, и децата свои, и жените свои во колите, што им ги беше пратил фараонот, за да го доведат.
6И го зедоа добитокот свој и имотот свој, што го беа спечалиле во хананската земја, и дојдоа во Египет – Јаков и сиот негов род заедно со него.
7Синовите негови и внуците негови, и ќерките негови и внуките негови, и целото негово потомство.
Семејството на Јаков8 2 Мојс 1,1-5; 4 Мојс 20,15; 26; 1 Лет 2; Дела; 7,14-15 А ова се имињата на децата Израелови, кои дојдоа во Египет: Јаков и синовите негови. Првенецот на Јаков, Рувим.
9Синовите Рувимови: Ханох и Палу, Есром и Карми.
10Синовите Симеонови: Јемуел, Јамин, Оад, Јахин, Сигор и Саул, син на Хананката.
11Синовите Левиеви: Гирсон, Каат и Мерариј.
1238,3-10Синовите Јудини: Ер, Онан, Шела, Фарес и Зерах; но Ер и Онан умреа во хананската земја. Синови на Фарес беа Есром и Хамул.
13Синови Исахарови: Тола, Пуа, Јов и Шимрон.
14Синови Завулонови: Серед, Елон и Јахлеел.
1529,31-35; 30,17-21Тоа се синовите на Лија, што му ги роди на Јаков во рамнината Арам, заедно со Дина, ќерката негова. Сите синови и ќерки негови беа триесет и три души.
16Синови Гадови: Цифон, Хагиј, Шуниј, Ецбон, Ериј, Ародиј и Арелиј.
17Синови Асирови: Јимна, Јишва, Јишвиј и Берија – и сестрата нивна Зара. А синови на Берија беа: Хевер и Мелхиил.
1830,9-13Тоа се синовите на Зелфа, која ѝ ја даде Лаван на Лија, ќерката своја; таа му роди на Јаков шеснаесет души.
19Синови, пак, на Рахила, жената на Јаков, беа: Јосиф и Венијамин.
2041,45.50-52А на Јосиф во Египет му се родија од Асената, ќерката на Потифера, свештеникот од Он: Манасија и Ефрем.
21А синови Венијаминови беа: Бела, Бехер и Ашбел; Гера, Наман, Ехиј, Рош, Мупим, Хупим и Ард.
2230,22-24; 35,16-18Тоа се синовите на Јаков, што му ги роди Рахила, – вкупно четиринаесет души.
23А син Данов: Хушим.
24Синови на Нефталим: Јахцеел, Гул, Јецер и Шилем.
2530,1-8Тоа беа синови на Билха, која ѝ ја даде Лаван на ќерката своја Рахила; таа му роди на Јаков вкупно седум души.
26Сите, кои дојдоа со Јаков во Египет и кои беа излегле од бедрата негови, освен жените на синовите Јаковови, беа вкупно шеесет и шест души.
272 Мојс 1,5; 5 Мојс 10,22; Дела 7,14И двајцата синови Јосифови, што му се родија во Египет; значи, сите луѓе од домот на Јаков, кои дојдоа во Египет, беа седумдесет.
Јаков во Египет28Тој го прати Јуда кај Јосиф пред себе, за да им го покаже патот за Гесем. И дојдоа во земјата Гесем.
29Тогаш Јосиф ја впрегна колата своја, и му излезе во пресрет на Израел, таткото свој, во Гесем; и кога го виде, му се обеси околу вратот, и плачеше долго на вратот негов.
3045,15.28Потоа Израел му рече на Јосиф: „Сега, бидејќи со свои очи видов дека си жив, можам да умрам.“
3145,10.16-18А Јосиф им рече на браќата свои и на целата фамилија Јаковова – „Одам да му соопштам на фараонот и ќе му речам: ‚Браќата мои и семејството на таткото мој, кои беа во хананската земја, дојдоа кај мене.
32Тие се луѓе овчари; отсекогаш се занимавале со сточарство; и го доведоа со себе ситниот и крупниот добиток свој и сѐ што имаа.‘
33Ако, пак, фараонот ве повика и ве праша: ‚Каква работа работите?‘
34вие кажете: ‚Сточари се слугите твои уште од младини па досега, и ние и татковците наши‘ – за да останете во земјата Гесем. Зашто Египќаните сите овчари ги сметаат за нечисти.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.