1 Агеј 1,1; Неем 12,16 На осмиот ден, во втората година на Дариј, дојде слово Господово до пророкот Захарија, синот Берехиев, син на Идо, велејќи:
2„Се разгневи Господ на татковците ваши со голем гнев;
3Јоил 2,13; Мал 3,7затоа кажи им – вака вели Господ Саваот – Вратете се кон Мене, – вели Господ Саваот – И Јас ќе се вратам кон вас.
4Ис 55,7; Ер 25,5; Лк 15,20Не бидете како што беа предците ваши, кон кои викаа поранешните пророци, велејќи им – ‚Вака вели Господ Саваот: одвратете се од лошите работи свои!‘ Но тие не послушаа, ниту внимаваа на Мене, вели Господ.
5Каде се сега предците ваши? А и пророците, зар тие вечно ќе живеат?
67,7-14; Неем 9,34Но зборовите Мои и наредбите Мои, што им ги заповедав на слугите Мои, пророците, зар не ги постигнаа предците ваши? И тие се обраќаа и велеа: ‚како што беше определил Господ Саваот да постапи со нас според патиштата наши, и според делата наши, така и постапи.‘“
Прво видение: коњи и коњаници7На дваесет и четвртиот ден од единаесеттиот месец – а тоа е месецот шеват – во втората година на Дариј, дојде слово Господово до пророкот Захарија, синот Берехиев, син на Идо.
86,2-3; Откр 6,1-8Во текот на ноќта видов – ете, еден маж на црвен коњ стои меѓу мирти, што беа во долот, а зад него црвени, сиви и бели коњи,
9Дан 7,16па му реков – „Кои се овие, господине мој?“ А ангелот, кој зборуваше со мене, ми рече: „Јас ќе ти покажам кои се тие.“
106,7; Откр 5,6И одговори мажот што стоеше меѓу миртите, и рече – „Тоа се оние кои Господ ги испратил да ја обиколуваат земјата.“
11Тогаш тие му одговорија на ангелот Господов, кој стоеше меѓу миртите, па му рекоа – „Ете, ја обиколивме целата населена земја и таа е спокојна.“
12Ер 12,4; Дан 8,13; Откр 6,10Им одговори ангелот Господов и им рече: „Господи Седржителе, до кога нема да се смилуваш над Ерусалим и над градовите Јудини, на кои се гневиш, еве, веќе седумдесет години?“
13Тогаш во одговор на ангелот Господов, изрече Господ слова добри, слова утешни.
148,2; Јоил 2,18И ми рече ангелот, кој зборуваше со мене: „Извести и кажи – вака вели Господ Саваот – ‚Ревнувам за Ерусалим и за Сион многу;
15Ис 47,6; Амос 6,1; Пс 79,6и горам со голем гнев против народите што живеат во спокој, зашто кога Јас малку се разгневив, тие станаа уште полоши!‘
162,5-9; Ис 54,6-10; Ез 40,3Затоа вака вели Господ: ‚Јас се враќам кон Ерусалим со милосрдност; во него ќе се изгради Мојот дом, вели Господ Саваот, и мерно јаже ќе се протегне низ Ерусалим.‘
172,15; 13,9; Агеј 2,23Порачај уште и ова, и кажи им – вака вели Господ Саваот: ‚Моите градови одново ќе се исполнат со богатства, и Господ ќе го утеши Сион и пак ќе го избере Ерусалим.‘“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.