1 2,5; 40,5; 51,17; 52,2; 58,8-10; Откр 21,11 Дигни се, заблескај Ерусалиме, зашто дојде твојата светлина, и славата Господова изгреа над тебе.
29,1; 59,19; 2 Мојс 24,16; Мт 2,2.9Зашто, ете, темнина ќе ја покрие земјата, и мрак – народите; а над тебе ќе засветли Господ, и славата Негова ќе се јави над тебе.
32,2-4; 49,6; Откр 21,24И народите ќе дојдат кон твоето видело, царевите – кон светлината што изгрева над тебе.
449,18-22; 66,20Крени ги очите и погледај наоколу: сите тие се собираат, идат кај тебе; твоите синови ќе дојдат оддалеку, и твоите ќерки на раце ќе се носат.
561,6; Агеј 2,7; Пс 72,10; 119,32Тогаш ќе видиш и ќе се зарадуваш, и срцето твое ќе затрепери и ќе се рашири, зашто богатството на морето ќе потече кон тебе, имотот на народите ќе дојде кај тебе.
62 Мојс 2,15; 1 Цар 10,1; Мт 2,11Множество камили ќе те покријат, едногрби камили од Мидјан и од Ефа; сите тие ќе дојдат од Сева, ќе донесат злато и темјан и ќе ја објавуваат славата Господова.
756,6-7; 1 Мојс 25,13; Ез 27,21Сите кедарски стада ќе бидат собрани кај тебе; овните невајотски ќе ти послужат: ќе излезат на жртвеникот Мој како благоугодна жртва, а Јас ќе го прославам домот на Мојата слава.
849,21; Ос 11,11Кои се тие што летаат како облаци, и како гулаби – кон гулабарниците свои?
943,6; 51,5; 55,5; 1 Цар 10,22; Пс 48,7Да, Мене Ме чекаат островите и пред нив – таршишките кораби, за да ги пренесат синовите твои оддалеку и со нив – сребро нивно и злато нивно, во името на Господ, твојот Бог, и на Светецот Израелов, зашто Тој те прослави.
Ерусалим ќе биде обновен10 49,17; 54,8; Зах 6,15 Тогаш синовите на туѓинци ќе ги градат ѕидовите твои, и нивните цареви – ќе ти служат; зашто во гневот Свој те казнував, но во благоволението Свое бев милостив кон тебе.
1145,1; Откр 21,25-26Твоите порти секогаш ќе бидат отворени, нема да се затвораат ни дење, ни ноќе, за да се принесува кај тебе имотот на народите и да се доведуваат нивните цареви.
12Ер 12,17Зашто народот и царствата, кои нема да сакаат да ти служат, ќе загинат, и таквите народи сосема ќе бидат истребени.
1335,2; 41,19; 1 Цар 5,19-20; 20,23Славата на Ливан ќе дојде кај тебе со кипарис, бор и кедар заедно, за да го украси местото на Моето светилиште, – а Јас ќе го прославам подножјето на нозете Свои.
141,26; 49,23; Пс 87,3; Откр 3,9И ќе дојдат кај тебе со покорност синовите на оние, што те измачуваа, ќе ти се поклонуваат пред нозете твои сите што те презираа; ќе те наречат град на Господ, Сион на Светецот Израелов.
1551,11; 62,4.12; 65,18; Пс 48,2Затоа што беше изоставен и намразен, така што никој не минуваше преку тебе, – Јас ќе те направам вечна слава, и радост од род во род.
1641,14; 49,23.26Ти ќе се наситуваш од млекото на народите, и ќе смукаш од царски гради, и ќе познаеш дека Јас, Господ, сум твој Спасител и твој Искупител, Силниот Јаковов.
171,26; 1 Цар 14,26-27; Пс 147,14Место бакар ќе ти испраќам злато, место железо – сребро, и место дрво – бакар, а место камења – железо; и ќе го поставам мирот за твој управител и правдата – за твој надзорник.
1811,9; 59,7; 62,7; Откр 21,12.14Нема повеќе да се слуша за насилство во земјата твоја, ниту опустошување и разурнување – во пределите твои; и ѕидовите свои ќе ги нарекуваш спасение и портите свои – слава.
1924,23; Зах 2,9; Лк 1,78; Откр 21,23; 22,5Нема повеќе сонцето да ти биде видело на денот, ниту сјајот на месечината ќе ти свети; Господ ќе ти биде вечна светлина, и твојот Бог – твоја слава.
20Откр 21,4Нема да заоѓа веќе твоето сонце, ниту твојата месечина ќе потемнува, зашто Господ ќе ти биде вечна светлина; ќе се свршат дните на твоето тагување.
2129,23; 54,13-14; 57,13; 61,3И сиот народ твој ќе биде праведен, засекогаш ќе ја наследи земјата, – фиданка од она што сум го посадил, дела на рацете Мои, за Мое прославување.
22Од мал народ ќе се намножат илјади, од најслабиот – силен народ. Јас, Господ, ќе побрзам да го завршам тоа навреме.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.