1 11,23; 4 Мојс 26,53 Еве што наследија синовите Израелови во хананската земја, што им ја раздели свештеникот Елеазар и Исус синот Навинов, и родоначалниците од племињата на Израеловите синови;
24 Мојс 26,55на деветте племиња и на половината племе, поделба извршија со ждрепка, како што беше заповедал Господ преку Мојсеј,
313,14; 4 Мојс 34,14зашто на две и половина племиња Мојсеј им даде наследство од онаа страна на Јордан; а на левитите не им даде дел меѓу нив,
41 Мојс 41,51-52; 4 Мојс 35,2-3бидејќи од Јосифовите синови произлегоа две племиња: Манасиевото и Ефремовото; поради тоа не им се даде на левитите дел од земјата, туку градови за живеење и предградија за нивниот добиток и за други нивни потреби.
54 Мојс 34,13Како што му беше заповедал Господ на Мојсеј, така и направија синовите Израелови, кога ја разделуваа земјата.
64 Мојс 13,6; 14,30; 5 Мојс 33,1Јудините синови дојдоа во Гилгал кај Исус. И му рече Халев, синот Јефунеов, од родот на Кеназ: „Ти знаеш, што му говореше Господ на Мојсеј, човекот Божји, за мене и за тебе во Кадис-Барнеа.
74 Мојс 13,17-26Јас бев на четириесет години, кога Мојсеј, слугата Господов, ме прати од Кадис-Барнеа да ја разгледам земјата и му донесов одговор, она што ми беше на срцето;
84 Мојс 13–14браќата мои, кои одеа со мене, го обесхрабрија срцето на народот, но јас точно Го следев Господа, мојот Бог;
94 Мојс 14,24; 5 Мојс 1,36и се заколна Мојсеј во оној ден, велејќи: ‚земјата, по која одеше, ќе биде наследство за тебе и за децата твои за навек, бидејќи ти одеше точно по Господ, мојот Бог.‘
10И така, ете, Господ ме запази жив, како што говореше; четириесет и пет години веќе изминаа, откога Господ му ги беше кажал тие зборови на Мојсеј, и Израел одеше по пустина; сега, еве, јас сум на осумдесет и пет години;
11но и сега сум толку цврст, како и тогаш, кога ме прати Мојсеј: колку што имав сила тогаш, толку имам и сега, да влегувам, да излегувам и да војувам.
124 Мојс 14,24; Суд 1,20Затоа, дај ми ја таа гора, за која говореше Господ во оној ден; бидејќи ти чу во тој ден дека таму живеат Анаковите синови, и тие имаат градови големи и утврдени; можеби, Господ ќе биде со мене, и јас ќе ги истерам, како што ми рече Господ.“
1313,15Исус го благослови и му го даде во наследство Хеврон на Јефунеовиот син Халев.
14Затоа Хеврон остана и до денес во наследство на Јефунеовиот син Халев, од Кеназиевиот род, бидејќи постојано се покоруваше на заповедите од Господ, Израеловиот Бог.
151 Мојс 23,2Името на Хеврон порано беше Кирјат-Арба, или град на Арба, како што се викаше еден крупен човек меѓу синовите Анакови. Така земјата се смири од војна.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.