1 Рим 7,23; 1 Птр 2,11 Од каде се војните и расправиите меѓу вас? Не оттаму ли – од вашите похоти, кои се борат во органите ваши?
2Пожелувате и немате; убивате и завидувате, и не можете да добиете; се препирате и војувате, а немате, бидејќи не се молите.
31,5Просите, а не добивате, зашто зло барате, за да го трошите во вашите похоти.
4Ос 3,1; Мт 12,39; 16,4; Рим 8,7; 1 Јн 2,15Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли дека пријателството со овој свет е непријателство на Бога? Зашто, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога.
51 Мојс 6,3; 2 Мојс 20,5Или, пак, мислите дека Писмото напразно зборува: „Со ревност го љуби духот што го вселил во нас.“
6Изреки 3,34; Мт 23,12; 1 Птр 5,5Но Тој дава поголема благодат; затоа е речено: „Бог се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“
7Ефес 6,12-13; 1 Птр 5,8-9Па затоа, покорете Му се на Бога; а противете се на ѓаволот, и тој ќе побегне од вас.
8Ис 1,16; Зах 1,3; Мал 3,7Приближете се кон Бога, и Тој ќе се приближи кон вас; исчистете ги рацете, грешници, поправете ги срцата свои, непостојани!
9Бидете нажалени и плачете и липајте: смевот ваш нека се претвори во плач, а радоста во тага!
10Јов 5,11; 1 Птр 5,6Понизете се пред Господ и ќе ве подигне!
Кој си ти да го судиш ближниот?11Не озборувајте се еден со друг, браќа: зашто, кој го озборува братот свој или го суди, тој го напаѓа Законот и го суди Законот. А ако, пак, го судиш Законот, тогаш ти не си извршител на Законот, туку судија.
12Рим 2,1; 14,4Еден е Законодавецот и Судијата, Кој може да спаси и погуби: а ти, кој си што осудуваш друг?
Лоша самодоверба13 Изреки 27,1; Лк 12,18-20 Слушајте сега вие, кои велите: „Денес или утре ќе тргнеме во оној град и таму ќе останеме една година, ќе тргуваме и ќе спечалиме“,
14вие, кои не знаете што ќе стане утре. Што е вашиот живот? Тој е пареа, која се појавува за кратко време, па исчезнува.
15Дела 18,21; Рим 1,10; 1 Кор 4,19Место да велите: „Ако сака Господ да бидеме живи, ќе направиме тоа и тоа.“
16А сега се фалите со својата гордост. Секоја таква фалба е зла.
17Лк 12,47И така, грев е за оној кој знае да прави добро, а не го прави.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.