1 Летописи 18 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Успешни војни на Давид(2 Сам 8,1-18)

1Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори, па го пре­зеде Гет и неговите села од рацете на Филистејците.

2Тој ги порази и Моавците, и Моав­ците му станаа поданици на Да­вид и му даваа данок.

31 Мојс 2,14Давид го порази и цовајскиот цар Адраазар во Хамат, кога тој одеше да ја утврди власта своја до реката Еуфрат.

41 Мојс 49,6И зароби Давид од него илјада коли, седум илјади коњаници и дваесет илјади пешаци; и ги уништи Давид сите коли, оставајќи од нив само сто.

5Арамејците од Дамаск сакаа да му дојдат на помош на цовајскиот цар Адраазар, но Давид порази дваесет и две илјади Арамејци.

6Давид постави војска во Арам кај Дамаск, и Арамејците му станаа на Да­вид поданици и му плаќаа данок. Така му помагаше Господ на Давид секогаш, каде и да одеше.

7Давид ги заплени златните штитови, што ги носеа Адраазаро­вите слуги, и ги донесе во Ерусалим.

81 Цар 7,23; 2 Лет 4,2-5А од Тивхат и Кун, Адраазарови градови, Давид однесе мошне многу ба­кар. Од него Соломон ги направи ба­карното море и столбовите, и бакарните садови.

9Кога чу за тоа хаматскиот цар Тоу дека Давид ја поразил целата војска на цовајскиот цар Адраазар,

10го испрати синот свој Хадорам кај царот Давид, да го поздрави и да му честита, поради тоа што војувал со Адраазар и го поразил – зашто Тоу беше во војна со Адраазар, – и по него испрати секакви садови златни, среб­рени и бакарни.

11Царот Давид Му ги посвети на Господ, заедно со среброто и златото, што го беше одзел од сите народи: Едомците, Моавците, Амонците, Фи­листејците и Амаликијците.

121 Цар 11,15И Авеса, синот на Саруја во Со­лената Долина порази осумнаесет илјади Едомци;

13и постави во Едом војска, и сите Едомци му станаа поданици на Давид. Господ му помагаше на Давид секогаш, каде и да одеше.

14И царуваше Давид над сиот Израел и делеше суд и правда на сиот народ свој.

15Јоав, Саруевиот син, беше војвода над војската, а Јосафат, Ахилудовиот син – летописец,

16Садок, синот на Ахитув, и Ави­мелех, синот Авијатаров, беа свеште­ници, а Шавша – писар,

17Ванеја, синот на Јодај, беше над Керетијците и Пелетијците, додека си­новите Давидови беа први до царот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help