2 Летописи 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Царот Соломон се моли за мудрост(1 Цар 3,1-15)

1 1 Мојс 21,22; 39,2; 4 Мојс 14,43; 1 Цар 2,12.46; 1 Лет 29,25 Соломон, синот Давидов, се зацврсти во царството свое, и Господ, не­говиот Бог, беше со него и го издигна високо.

2И му заповеда Соломон на сиот Из­раел да се соберат: илјадниците, стотниците, судиите и сите началници во сиот Израел – старешините на домовите татковски.

32 Мојс 40,18; 3 Мојс 17,4; Ис.Н. 9,3Па отидоа Соломон и целото собра­ние со него на ридот во Гаваон, бидејќи таму беше Божјата скинија на собранието, која Мојсеј, слугата Господов, ја беше подигнал во пустината.

42 Сам 6,17; 1 Лет 15,25Давид го беше пренел Божјиот ков­чег од Кирјат-Јарим на она место, што му го беше приготвил, откако направи за него скинија во Ерусалим.

52 Мојс 31,2; 38,2А бакарниот жртвеник, што го беше направил Веселеил, синот на Уриј, Оров син, си остана таму пред скинијата Господова; него го побараа Соломон и собранието.

6И таму пред лицето на Господ, врз бакарниот жртвеник, што беше пред скинијата на собранието, Соломон принесе илјада жртви-паленици.

7Во таа ноќ му се јави Господ на Со­ломон и му рече: „Барај, што сакаш да ти дадам.“

81 Лет 23,1Соломон Му одговори на Бога: „Ти му направи на татко ми Давид голема милост и ме постави за цар место него.

91 Мојс 12,2; 2 Сам 7,25; 1 Цар 8,25Нека се исполни сега, Господи, сло­вото Твое кон татко ми Давид, бидејќи ме направи цар над народ многуброен, како земниот прав,

104 Мојс 27,17; 2 Сам 5,2дај ми сега мудрост и разум, за да управувам со тој народ; зашто, кој може да управува со Твојот голем народ?“

115 Мојс 17,17И му рече Бог на Соломон: „Затоа што го имаш тоа во срцето свое и не побара богатство, имот и слава, ниту душите на твоите непријатели, туку побара мудрост и разум, за да управуваш со Мојот народ, над кој те поставив за цар –

12Неем 13,26; 1 Лет 29,12мудрост и разум ти се дава, а богатство, имот и слава ќе ти дадам такви, какви што кај царевите пред тебе немало, ниту ќе има по тебе.“

Моќта и богатството на Соломон(1 Цар 10,26-29)

13Тогаш Соломон се врати од ридот во Гаваон, од скинијата на собранието, во Ерусалим, и царуваше над Израел.

141 Сам 8,11; 1 Цар 9,19И собра Соломон коњаница; имаше илјада и четиристотини коли и дванаесет илјади коњаници, кои ги насели по градовите каде што му беа колите и кај себе во Ерусалим.

151 Цар 9,28; Ис 60,5И го направи царот во Ерусалим среброто и златото еднакво вредно со камењата, а кедрите според нивното множество ги направи еднакво вредни со смоквите во полињата.

16Коњи му увезуваа на Соломон од Египет; царски трговци ги купуваа со пари;

17една кола се купуваше и довезуваше од Египет за шестотини шекели сребро, а еден коњ – за сто и педесет. Така тие им ги продаваа на сите цареви хитиски и цареви арамејски.

Првите подготовки за градба на храмот(1 Цар 5,1-18)

18Соломон потоа науми да изгради дом на името Господово и царски дом за себеси.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help