1 со Јудините синови во Јудината пустина, која е на југ од Арад. И дојдоа и се населија меѓу народот.
17Потоа тргна Јуда со својот брат Симеон и ги совладаа Хананците, кои живееја во Цефат, го проколнаа градот со проклетство и го нарекоа тој град Хорма.
18Јуда исто така ги презеде Газа со нејзината околина, Ашкелон и неговата околина, и Екрон и неговата околина,
19Ис.Н. 17,16Господ беше со Јуда, и тој ја доби во наследство планината; но не можеше да ги истера жителите на долината, бидејќи тие имаа железни двоколки.
204 Мојс 14,24; Ис.Н. 14,12-13А на Халев му го предадоа Хеврон, како што беше рекол Мојсеј, и ги истера оттаму трите сина на Анак.
21Но Венијаминовите синови не ги истераа Јевусијците, кои живееја во Ерусалим; Јевусијците живеат со потомците на Венијамин во Ерусалим и до ден-денес.
221 Мојс 28,17-19; Ис.Н. 18,13И синовите Јосифови исто така тргнаа против Ветил, и Господ беше со нив.
23Јосифовите синови го разгледаа Ветил, а порано градот се нарекуваше Луз.
24И стражарите видоа еден човек, кој доаѓаше од градот и му рекоа: „Покажи ни го влезот во градот, и ќе покажеме милост кон тебе.“
25Ис.Н. 6,21Тој им го покажа влезот во градот, и тие го совладаа градот со сечилото на мечот, а тој човек и сите негови роднини ги пуштија.
26Тој човек отиде во земјата на Хитијците и изгради град и го нарече со името Луз. Тоа му е името и до ден-денес.
27Ис.Н. 17,11И Манасија не ги избрка жителите на Бет-Шан и неговите села, ниту жителите на Таанах и неговите села, ниту жителите на Дор и неговите села, ниту жителите на Јивлеам и неговите села, ниту пак на Мегидо и неговите села. Но, Хананците и понатаму останаа да живеат во оваа земја.
28Ис.Н. 17,13Кога Израел стана силен, им наметна данок на Хананците, но не ги избрка.
29Ис.Н. 16,10И Ефрем не ги истера Хананците кои живееја во Гезер; и Хананците живееја меѓу нив во Гезер.
30Ис.Н. 19,10И Завулон не ги избрка жителите на Китрон, ниту жителите на Нахалол, и Хананците живееја меѓу нив и им плаќаа данок.
31Ис.Н. 19,24И Асир не ги избрка жителите на Ако, и ни жителите на Сидон и Ахлав, ни од Ахзив, Хелба, Афик ниту, пак, од Рехов.
32Се насели Асир меѓу Хананците, жителите на таа земја, бидејќи не можеше да ги избрка.
33Ис.Н. 19,32И Нефталим не ги избрка жителите на Ветсамис како ни жителите на Бет-Анат и живееше меѓу Хананците, жителите на таа земја; а жителите на Ветсамис и на Бет-Анат беа негови поданици.
34Ис.Н. 19,47-48Аморејците ги потиснаа синовите Данови во горите, бидејќи не им даваа да слезат во долината.
35И Аморејците останаа да живеат во Хар-Херес, во Ајалон и Шаалевим; но раката на Јосифовиот дом ги присили и тие им станаа поданици.
36Пределите на Аморејците се протегаа од угорнината Акравим, од Карпата сѐ угоре.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.