Броеви 15 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Приносите од брашно, масло и вино

1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

23 Мојс 23,10„Кажи им на синовите израелски и речи им: кога ќе влезете во земјата, во која ќе живеете и која ви ја давам,

33 Мојс 1,2.9; Езд 1,4и почнете да принесувате на Господ жртви сепаленици, или жртви заклани, поради завет, или од сесрдност, или во текот на празниците ваши, за да напра­вите пријатен мирис пред Господ, од крупниот или од ситниот добиток,

42 Мојс 16,36; 29,40; 3 Мојс 2,1-10; 6,14тогаш оној, кој ја принесува жртвата на Господ, треба да принесе и лебен принос на Господ од една десетина ефа пченично брашно, измешано со четврт ин маслиново масло;

51 Мојс 35,14; 3 Мојс 3,7; 10,9и вино за прелив принесувај по четврт ин за сепаленица, како и за друга жртва, ако таа жртва е едно јагне.

63 Мојс 5,15; Ез 46,14И овен кога принесувате, принесу­вајте и лебен принос две десетини од ефа пченично брашно, измешано со една третина ин маслиново масло;

7и вино за прелив принеси една тре­тина ин за благопријатен мирис пред Господ.

8Ако принесувате сепаленица од го­ве­дата, или колена жртва, поради завет или како жртва за мир,

93 Мојс 2,1тогаш заедно со јунецот принесете и лебен принос три десетини од ефа пченично брашно, измешано со поло­вина ин маслиново масло,

10и вино за прелив принесете поло­вина ин како жртва, за благопријатен мирис пред Господ.

11Така прави при секој принос на јунец, на овен, и на јагне или јаре;

12Езд 7,17според бројот на жртвите што ги принесувате, така правете при секоја од нив, според бројот нивни.

133 Мојс 1,9Секој тукашен така треба да прави, кога принесува жртва за благопријатен мирис пред Господ;

142 Мојс 12,19; 3 Мојс 22,18и кога меѓу вас има придојден или кој и да било меѓу вас во поколенијата ваши, и принесе жртва за благопријатен мирис пред Господ, и тој треба да прави така, како што правите вие;

152 Мојс 12,48; 3 Мојс 24,22за вас, народот Господов, и за придојдениот, кој живее меѓу вас, законот да биде еден, вечниот закон во родовите ваши: што сте вие, тоа да биде и придој­дениот пред Господ;

162 Мојс 12,49еден закон и еднакви права да има, и за вас, и за придојдениот, кој живее меѓу вас.“

Принос од првите лебови

17 Рим 11,16 Му рече уште Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

183 Мојс 23,10„Кажи им на синовите израелски и речи им: кога ќе влезете во земјата, во која ве водам,

19Ис.Н. 5,11-12и ќе почнете да јадете леб од таа земја, оставете и дел за Господ;

203 Мојс 23,14од првините на тестото принесете; леб принесете од гумното.

21Ез 44,30Од првината на тестото ваше принос принесувајте Му на Господ во родовите ваши.“

Жртви за неволен грев

22 3 Мојс 4,2.27-31 „Ако погрешите поради незнаење и не ги исполните сите тие заповеди, кои Господ му ги кажа на Мојсеј,

23сѐ она што ви заповеда Господ преку Мојсеј, од денот, кога Господ ви заповедал, и за во иднината во родовите ваши,

243 Мојс 4,3.14; 5,15ако грешката е направена неволно од народот, тогаш целото општество нека принесе еден јунец за сепаленица, за благопријатен мирис на Господ, заедно со лебен принос и прелив, според прописите, и еден козел – жртва за грев.

253 Мојс 4,20И свештеникот ќе го ослободи од грев целото општество на синовите израелски, и ќе им се прости, зашто тоа било грешка, и тие принеле свој дар на Господ и жртва за грев пред Господ, поради своето незнаење.

26И ќе му биде простено на целото општество на синовите израелски и на придојдениот, кој живее меѓу нив, зашто целиот народ го направил тоа поради незнаење.

273 Мојс 4,3.27Ако некој сам згреши не сакајќи, нека принесе едногодишна коза заради својот грев.

28И свештеникот ќе ја ослободи од грев таа душа, која не сакајќи направила пред Господ грев, и таа ќе биде очистена и ќе ѝ биде простено.

292 Мојс 12,49Еден закон да биде за сите вас, како за жителите од синовите израелски, така и за придојдениот, кој живее меѓу вас, кога некој ќе погреши несакајќи.

30Ис 37,6.23Ако некој од тукашните или од придојдените изврши нешто со дрскост, тој Го хули Господа; да се истреби таа душа од народот свој;

313 Мојс 5,1; 1 Сам 15,23.26; 2 Сам 11,27; Ез 18,20; Пс 119,126зашто тој го презрел зборот на Господ и ја нарушил заповедта Негова; да биде истребена таа душа; гревот нејзин да биде врз неа.“

Осквернување на саботата

32 2 Мојс 20,8; 31,12-17; 35,1-3 Кога синовите израелски беа во пус­тината, најдоа еден, како собира др­ва во саботен ден;

33и оние што го најдоа, како собира дрва, го приведоа кај Мојсеј и Арон и кај целото општество;

34и го затворија, бидејќи уште не бе­ше решено што да се прави со него.

353 Мојс 20,2; Дела 7,58И му рече Господ на Мојсеј: „Тој човек треба да умре; целото општество да го убие со камења надвор од населбата.“

36Ер 17,21Тогаш целото општество го изведе надвор од населбата, и го убија со камења, и тој умре, како што му заповеда Господ на Мојсеј.

Реси на облеките

37И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

385 Мојс 22,12; Мт 23,5„Објави им на синовите израелски и кажи им да си прават реси по полите на своите облеки во поколенијата свои, и во ресите што се по полите, да ставаат нишки од сина преѓа,

393 Мојс 17,7; 5 Мојс 4,23; Ер 3,2; Ез 20,16; Ос 4,12; Пс 73,27и тие да ви бидат на ресите, па, кога ги гледате, да се потсетувате на сите заповеди Господови и да ги извршувате и да не се поведувате по срцето свое и очите ваши, кои ве водат во заблуда.

401 Мојс 26,5; 3 Мојс 11,44; 5 Мојс 11,13; Кол 1,22; 1 Птр 1,15Да ги помните и извршувате сите Мои заповеди и да бидете свети пред вашиот Бог.

412 Мојс 20,2Јас сум Господ, Бог ваш, Кој ве изведе од египетската земја, за да ви бидам Бог. Јас сум Господ, Бог ваш.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help