1 7,1; 10,14; 2 Цар 15,16; Амос 1,13 Самарија ќе страда, зашто се крена против својот Бог; од меч ќе паднат тие, нивните деца на камен ќе бидат разбивани, а бремените жени ќе бидат распарувани.
25,5; 6,1Врати се, Израеле, кај Господ твојот Бог; зашто ти пропаѓаш поради своето беззаконие.
3Пс 32,1; Евр 13,15Подгответе се молитвено, и обратете се кон Господ и речете Му: „Прости ни ги сите беззаконија наши и прими го тоа што е добро, а ние ќе принесеме жртва од устата наша.“
Господ ветува простување4 2,18-19; 7,11; 12,2; Ис 31,1; Пс 68,5; 146,9 Ашур повеќе нема да нѐ спасува; и нема повеќе да јаваме на коњи и на своите уметнички творби да им велиме: „О, богови наши; зашто само Ти си милосрден кон сираци.“
51,6; 2,16-25; 5,13; 9,15; Ер 30,17Ќе ги излекувам од одметнувањето нивно, благонаклоно ќе ги засакам, зашто гневот Мој се одврати од нив.
6Ис 26,19; 27,6; 35,1; Ез 17,23Јас ќе бидам роса за Израел; тој ќе цвета како крин и ќе пушти корења како дрвјата на Ливан.
7Ис 27,6; Пс 52,8Ќе се рашират гранките негови, и убавината негова ќе биде како убавина на маслина, и мирисот од него како мирис од Ливан.
8Ќе се вратат под Мојата сенка, и ќе имаат жито во изобилие – па ќе цветаат како лоза, ќе станат славни како виното леванонско.
94,17; 2 Кор 6,16Зошто ти се идолите, Ефреме? Јас те слушам и се грижам за тебе; Јас сум како зелен кипарис: од Мене ти доаѓаат плодовите.
105 Мојс 32,4; Ер 9,11; Пс 107,43; Изреки 4,7; Проп 8,1Кој е мудар, нека го разбере ова; кој е разумен нека го познае тоа. Зашто патиштата Господови се прави, и праведниците одат по нив, а беззакониците се сопнуваат од нив.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
