1 4,20; 22,17 Синко, внимавај на мудроста моја и приближи го увото кон зборовите мои,
23,21; Мал 2,7за да ја запазиш добрата мисла, и устата твоја да го зацврсти знаењето;
32,16; 5,20; 7,5; 22,14; Пс 55,21; Песна 4,11зашто мед тече од устата на неверна жена, и нејзината уста е помазна од маслиново масло;
4но последиците од неа се горчливи како пелин, остри како меч со две сечива;
52,18; 7,27нозете нејзини слегуваат кон смртта, стапките нејзини водат до пеколот.
630,20; 2 Птр 2,14Таа не оди по патот на животот, патиштата нејзини се непостојани, таа е неразумна.
77,24; Пс 119,102Затоа сега, синко, послушај ме и не отстапувај од зборовите мои.
87,25Држи го подалеку од неа патот свој и не приближувај се до вратата на куќата нејзина,
9за да не си го дадеш животот свој на друг и годините свои на мачител;
10Лк 15,13за да не се наситуваат туѓинците од твојата сила, и работата твоја да не биде за туѓа куќа,
117,22-23; 31,3за да офкаш отпосле, кога плотта твоја и телото твое ќе бидат истоштени, –
121,7.22.25.29; 12,1зашто потоа ќе речеш: „Зошто ја мразев поуката, и срцето мое го презираше разобличувањето,
131,29-30зошто не го послушав гласот на моите учители, и не го приклонував увото кон оние што ме поучуваа?
146,33За малку ќе паднев во секакво зло среде собранието и општеството!“
Љуби ја жената на својата младост15 Ис 36,16 Пиј од водата на твојот извор и од онаа, што извира од твојот кладенец.
16Ер 14,1-6Нека не се разлеваат твоите извори по улицата, водните потоци – по плоштадите;
174 Мојс 20,19; 21,22; 5 Мојс 2,28нека ти припаѓаат тие само тебе, а не и на туѓинци.
185 Мојс 24,5; Ис 62,5; Проп 9,9Благословен да биде изворот твој; и утешувај се со жената на својата младост.
19Песна 2,7; 3,5; 4,5; 7,4Нека ти е мила како кошута и како срна драга; нејзините гради нека те допираат во секое време, со љубовта нејзина насладувај се постојано;
202,16; 5,3; 6,24; 7,5; 23,27и зошто ти е, синко, да се забавуваш со надворешна и да ги прегрнуваш градите на туѓа?
2115,3; 17,3Зашто патиштата на човекот се пред очите на Господ, и Тој ги гледа сите патеки негови.
221,31-32Беззаконикот го фаќаат неговите сопствени беззаконија, и врските на гревот негов го држат:
23Јов 4,21; 36,12тој умира без да биде поучен, и поради големото свое безумие загинува.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.