2 Самоилова 17 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Кушиј му противречи на Ахитофеловиот совет

1Тогаш му кажа Ахитофел на Авесалом: „Ќе одберам дванаесет илјади души и ќе станам, ќе одам да го гонам оваа ноќ Давид;

216,14; 5 Мојс 25,18ќе го нападнам, кога ќе биде измо­рен и со отпуштени раце, и ќе му влеам страв; и сите луѓе што се со него ќе се разбегаат; и јас ќе го убијам само царот;

3и сите луѓе ќе ги свртам назад кон тебе како што невеста се врти кон својот маж. Ти ја бараш душата само на еден човек, а сиот народ ќе биде сми­рен.“

4Му се допаднаа тие зборови на Аве­салом и на сите израелски старе­шини.

515,32-34; 16,16-19И Авесалом рече: „Повикајте го Кушиј Аркиецот; да чуеме што ќе рече тој.“

6Дојде Кушиј при Авесалом, и Авесалом му рече, велејќи: „Еве што кажува Ахитофел; да постапам ли според зборовите негови? Ако, пак, не, кажи ти.“

7А Кушиј му рече на Авесалом: „Овој пат не е добар советот што го дал Ахитофел.

8Ос 13,8; Изреки 17,12Ти знаеш дека твојот татко и неговите луѓе се многу силни и раздразливи во нивните души, како меч­ка в поле, чии малечки се грабнати, и татко ти е маж воин; тој нема да ноќева со луѓето.

9Ете, тој сега се крие во некоја пештера или на друго место, и ако некој падне при првиот напад врз нив, и ако чујат и кажат: ‚разбиени се луѓето што тргнаа по Авесалом‘

1023,8-23тогаш и најхрабриот, чие срце е како лавовско срце, ќе падне со духот, зашто на сиот Израел му е познато, колку е храбар татко ти, и колку се јунаци оние што се со него.

111 Сам 3,20; 13,5; Ер 33,22Затоа јас советувам: нека се собере кај тебе сиот Израел, од Дан до Вирса­вија, во мноштво како песок крај морето, и ти самиот ќе тргнеш среде него;

12и тогаш ќе одиме против него, каде и да се наоѓа, и ќе го нападнеме, како што росата паѓа на земјата; и нема да му остане ни еден човек од сите оние што се со него;

13ако, пак, влезе во некој град, то­гаш сиот Израел ќе донесе во тој град јажи­ња, и ние ќе го завлечеме сѐ до реката, така што камче нема да остане таму.“

1415,31.34Тогаш рече Авесалом и сиот Изра­ел: „Советот на Кушиј е подобар од Ахитофеловиот совет.“ Така Гос­под пресуди да се осуети „добриот“ Ахито­фелов совет за да навлече Господ зло врз Авесалом.

Давид го преминува Јордан

15 15,27-28.35-36 И Кушиј им кажа на свеште­ниците, на Садок и на Авијатар: „Така и така Ахитофел го советува Авесалом и старешините израелски, јас, пак, посо­ветував вака и вака.

1615,28И сега испратете гласници поскоро и кажете му на Давид така: да не оста­нува оваа ноќ на рамнината во пустината, и што поскоро да помине од онаа страна да не загине царот и сите луѓе што се со него.“

1715,27.36; 1 Цар 1,9Јонатан и Ахимаац чекаа кај Ен-Рогел. И отиде една слугинка, таа им раскажа, а тие отидоа и му јавија на царот Давид; зашто тие не можеа да се покажат во градот.

18Ис.Н. 2,3-7; 1 Сам 19,13Ги виде едно момче и му јави на Авесалом; но тие двајцата брзо заминаа и отидоа во Бахурим, во куќата на еден човек, во чиј двор имаше бунар; тие се спуштија во него.

19А жената зеде, та простре врз отворот на бунарот покривка и насипа одозгора прекрупа, така што ништо не се забележуваше.

20Дојдоа Авесаломовите слуги во куќата при жената и запрашаа: „Каде се Ахимаац и Јонатан?“ А жената им одговори: „Отидоа накај реката.“ Тие ги бараа и не ги најдоа, и се вратија во Ерусалим.

2117,15-16Откако си заминаа, оние излегоа од бунарот, отидоа и му јавија на царот Давид, велејќи му: „Станувајте и што поскоро преминувајте преку водата, зашто Ахитофел даде таков и таков совет за вас.“

22Тогаш Давид стана и сите луѓе што беа со него, и го минаа Јордан; на разденување не остана ни еден што не го премина Јордан.

2315,12; 2 Цар 20,1; Мт 27,5Ахитофел, кога виде дека него­виот совет не го послушаа, го оседла магарето, се подготви, отиде во домот свој, во својот град, откако ги уреди домаш­ните, се обеси, умре, и го по­гребаа во татковиот му гроб.

Давид во Маханаим

24 2,8 Давид стигна во Маханаим, а Аве­салом го премина Јордан, тој и сиот Из­раел со него.

2519,14; 20,9-12; 1 Лет; 2,13-17Наместо Јоав, Авесалом го поста­ви над војската Амаса. Амаса беше син на еден човек по име Јитра, од Јизреел, кој се ожени за Авигал, ќер­ка на Нахас, сестра на Саруја, Јоавова мајка.

26А Израел се смести во логорот со Авесалом во Галаадската земја.

279,4; 12,26.29; 19,32-33; 1 Цар 2,7Кога Давид стигна во Маханаим, Нахасовиот син Шовиј од Рава Амон­ска, и Махир, Амиеловиот син, од Ло-Девар, и Галаадчанецот Верзе­лиј од Рогелим,

2816,1-2донесоа десет постели, десет чи­нии и земјани садови, жито и јачмен, браш­но и булгур, грав и леќа и пе­чени зрна,

29мед и масло, овчо и кравјо си­рење, – донесоа храна на Давид и на луѓето што беа со него; зашто тие си рекоа: народот е гладен и уморен и жедува во пустината.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help