1 34,1; 44,4 Ќе Те превознесувам, Боже мој, царе мој, и ќе го благословувам името Твое сега, секогаш и во сите векови.
268,19Секој ден ќе Те благословувам и ќе го фалам името Твое сега, секогаш и во сите векови.
348,1; 95,3; Јов 36,26Велик е Господ и достоен за голема похвала и величието Негово нема крај.
471,18; 78,4Од род во род ќе се фалат делата Твои и за силата Твоја ќе се прикажува.
5За велелепната слава на Твојата светост ќе зборуваат и за Твоите чудеса ќе известуваат.
6Ќе говорат и за силата на Твоите страшни дела, и ќе прикажуваат и за Твоето величие.
7Ќе ја воспеваат славата на Твојата изобилна добрина, и ќе се радуваат на Твојата праведност.
8103,8; 111,4; 112,4Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив.
986,5Добар е Господ спрема сите, и Неговите милости се во сите Негови дела.
10103,13.22 Нека Те прославуваат, Господи, сите Твои дела, и нека Те благословуваат светиите Твои,
1193,1; 1 Лет 29,11и нека ја проповедаат славата на Твоето царство, а да прикажуваат и за силата Твоја.
12За да им се кажува на синовите човечки, за Твојата сила и за велелепната слава на Твоето царство.
13102,12; 146,10; 2 Мојс 15,18; Дан 3,33; 4,30; 1 Тим 1,17; Откр 11,15Твоето царство е царство на сите векови, а владеењето Твое над сите поколенија; верен е Господ во сите Свои зборови и свет во сите Свои дела.
1437,24; 94,18; 146,8Господ ги придржува сите што паѓаат и ги подига свитканите.
15104,27-28; 123,2; 136,25; Мт 6,25-26; 24,45; Лк 12,42Очите на сите се управени кон Тебе, и Ти им ја даваш нивната храна навреме;
16Ти ја отвораш раката Твоја и исполнуваш сѐ што е живо со сите негови потреби.
1718,30; 5 Мојс 32,4; 2 Сам 22,31; Дан 9,14Праведен е Господ во сите Свои патишта и свет во сите Свои дела.
18119,151; 5 Мојс 4,7; Ис 58,9; Ер 29,13; Фил 4,6Близу е Господ до сите, кои Го повикуваат, до сите, кои вистински Го призиваат.
19Изреки 10,24Тој им ја исполнува желбата на оние, кои се бојат од Него, ги услишува молитвите нивни, и ги спасува.
2037,28; 97,10; Суд 5,31Господ ги пази сите кои Го сакаат, а сите грешници ќе ги истреби.
21Устата моја ќе Му искаже похвала на Господ; секое тело ќе го благословува името свето, сега, секогаш и во сите векови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.