1 Ис.Н. 12,18; Ис 33,9; 35,1-2 Возљубената: Јас сум цвет во рамнината шаронска, крин цвеќе во долина!
21 Цар 7,19; Ос 14,6; Мт 6,28Возљубениот: Она што е кринот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу момите.
35,16; 7,10; Јоил 1,12Возљубената: Она што е јаболкницата меѓу шумските дрвја, тоа е мојот возљубен меѓу момците. Во сенката нејзина сакам да седам; плодовите нејзини се слатки за грлото мое.
45,10; 6,4-10Тој ме воведе во куќата за гозба, и знамето негово над мене беше љубов.
5Ис 16,7; Ер 7,18; 44,19; 5,8Поткрепете ме со слатки од грозје, освежете ме со јаболка, зашто сум болна од љубов.
68,3Левата рака негова ми е под главата, а со десната ме прегрнува.
73,5; 8,4; 5,8-9Возљубениот: Ве заколнувам ќерки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.
Тој доаѓа8 5,2 Возљубената: Гласот на мојот возљубен! Еве го: доаѓа, скока преку горите, прескокнува преку ридовите.
9Мојот возљубен прилега на срна, на млад елен. Ете, стои зад ѕидот наш, погледнува низ прозорецот, ѕирка низ решетката.
107,12Мојот возљубен се огласи и ми рече: „Стани, мила моја, убавице моја, дојди!
11Еве, зимата веќе мина, дождот го снема, престана веќе,
12цвеќиња се појавија по земјата; настана време за песни, и гласот на гугутката се слуша во земјата наша;
131,12; 7,14смоквите ги отворија пупките свои, и расцутените лози пријатно мирисаат. Стани, мила моја, убавице моја, и дојди!
14Гулабице моја во карпест пролом, под камено засолниште, покажи ми го лицето свое, дај ми да го чујам гласот твој, зашто гласот ти е пријатен, и лицето ти е прекрасно.
15Ез 13,4; Неем 3,35; Лк 13,32Фатете ни ги лисиците, лисичињата, зашто тие ги пустошат лозјата, а лозјата ни цутат.“
166,3; 7,11; Ос 2,4-25Мојот возљубен е мој, јас, пак, сум – негова; тој го пасе стадото меѓу кринови.
174,6; 8,14Во ладовините на вечерта кога сенките ги снемува, врати се, мил мој, и биди како срна или како млад елен, по планините разделени.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
