Исаија 39 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Казната на Езекија(2 Цар 20,12-19)

1 2 Сам 8,9-10; 2 Цар 20,12-19 Во тоа време вавилонскиот цар Меродах-Баладан, син Балада­нов, испрати до Езекија писмо и дарови, зашто беше чул дека тој бил болен и оздравел.

2Ер 9,23Им се зарадува Езекија на гласниците и им ја покажа својата ризница, среброто и златото, пријатните мириси и скапоцените масла, целата своја оружница и сѐ што се наоѓаше во неговата ризница, – не остана ништо, што не им го покажа Езекија во домот свој и по целото свое царство.

32,7; 7,3; 30,1Тогаш дојде пророкот Исаија кај царот Езекија и му рече: „Што рекоа овие луѓе? Од каде дојдоа при тебе?“ Езекија одговори: „Од далечна земја дојдоа тие кај мене, од Вавилон.“

4И праша Исаија: „Што видоа тие во твојот дом?“ Езекија одговори: „Видоа сѐ што има во мојот дом; ништо не остана во мојата ризница, што не им покажав.“

5И му рече Исаија на Езекија: „Ислушај го словото на Господ Саваот:

62 Цар 24,12-14; Ер 20,5; 27,21-22; Зах 14,1ете, ќе дојдат дни, и сѐ што има во домот твој и што собрале татковците твои до денес, сѐ ќе биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане, вели Господ.

7Ер 52,28-30; Дан 1,3; 1 Цар 21,29Ќе земат и од твоите синови, што ќе произлезат од тебе, што ќе ги родиш, и тие ќе бидат евнуси во дворецот на ва­вилонскиот цар.“

8А Езекија му рече на Исаија: „Добро е словото Господово, што ти го изрече; а во себе помисли: барем ќе има мир и сигурност во текот на моите дни.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help