2 Самоилова 24 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Давид наредува да се изврши попис на израелскиот народ

1 1 Лет; 21,1-28 1 Лет 27,23-24 Гневот Господов пак се разгори против Израелците и го поттикна меѓу нив Давид да рече: „Оди, преброј го Израел и Јуда.“

23,10; 17,11И царот му кажа на војводата Јоав, кој беше при него: „Обиколи ги сите племиња Израелови и Јудини од Дан до Вирсавија, и пребројте го народот за да знам, колку народ има.“

35 Мојс 1,11Јоав му рече на царот: „Господ, Бог твој, да го умножи народот толку, кол­ку што е, и уште стократно толку, и очите на господарот мој царот да го видат тоа; но зошто мојот цар – господар го бара тоа сега?“

4Но царскиот збор кон Јоав и воените началници надвладеа. И Јоав заедно со воените началници излезе од царот да го пребројува израелскиот народ.

5Тие го минаа Јордан и се здржаа во Ароер, десно од градот; потоа поминаа низ племето на Гад, кај Јазер,

6Ис.Н. 11,3; 19,28-29; Суд 3,3и дојдоа во Галаад и во земјата Тах­тим – Ходши; и стигнаа во Дан-Јаан и околината, а потоа во Сидон;

7дојдоа во утврдениот град Тир и во сите хивијски и ханански градови, излегоа на југ од Јудеја, во Вирсавија,

8Ис.Н. 18,9ја обиколија целата земја и стигнаа во Ерусалим по девет месеци и дваесет дена.

9Јоав му го предаде на царот списо­кот за народното пребројување; и из­лезе дека Израелци имаше осумстотини илјади мажи, силни, способни за војна, а Јудејци – петстотини илјади.

Бог ја казнува грешката на Давид

10 12,13; 1 Сам 24,6; 2 Лет 16,9 И откако Давид го преброи народот, срцето му затрепка. И му рече Давид на Господ: „Тешко згрешив што постапив така; и сега Ти се молам, Господи, прости му го гревот на Твојот слуга, зашто јас постапив многу не­разумно.“

111 Сам 22,5; 1 Лет 29,29; 2 Лет 29,25Кога Давид стана на другиот ден изутрина, би слово Господово кон пророкот Гад, Давидов јасновидец:

127,5; 12,11„Оди и кажи му на Давид: вака вели Господ: три казни ти предлагам; одбери си една од нив што ќе се исполни над тебе.“

1321,1; 1 Цар 8,37И дојде Гад при Давид, му соопшти и рече: „Одбери си, глад ли да биде во земјата твоја седум години, или три месеци да бегаш од непријателите свои, и тие да те гонат, или, пак, три дни да владее помор во твојата земја? Сега размисли и реши што да Му одговорам на Оној, Кој ме испрати.“

141 Сам 28,15; Пс 103,8.13-14; Неем 9,27.31; Евр 10,31Давид му одговори на Гад: „Многу ми е тешко; но нека паднам во рацете на Господ, зашто големо е Неговото милосрдие; само да не паднам во човеч­ки раце.“

15И испрати Господ помор врз Израелците од утрината до определеното време и умреа од народот, од Дан до Вирсавија, седумдесет илјади души.

16Суд 2,18; 1 Сам 15,11; Јона 3,10; 2 Лет 3,1И ангел Божји ја испружи раката своја над Ерусалим, за да го опустоши; но Господ се покаја за злото и му кажа на ангелот, кој го поразуваше народот: „Доста, сега спушти ја раката своја.“ А Божјиот ангел тогаш беше при гумното на Јевусиецот Орна.

1724,10; 4 Мојс 16,22Кога Давид го виде ангелот, кој го поразуваше народот, Му рече на Гос­под, велејќи: „Ете, јас згрешив, јас пас­тирот постапив беззаконо; но овие овци што направиле? Затоа Твојата рака нека се сврти против мене и против татковиот ми дом.“

Давид гради жртвеник на Господ

18И во тој ден дојде Гад при Давид и рече: „Оди изгради му жртвеник на Господ врз гумното на Јевусиецот Орна.“

19Тогаш Давид отиде според зборот на пророкот Гад, како што беше заповедал Господ.

20Орна погледна и виде дека царот и слугите негови доаѓаат при него; излезе Орна и му се поклони на царот ничкум до земја.

211 Мојс 23,8-16; 4 Мојс 17,13.15Орна праша: „Зошто дошол мојот цар господар при својот слуга?“ Давид му одговори „Да го купам од тебе гумното за да изградам жртве­ник на Гос­под, та да престане помо­рот во народот.“

221 Сам 6,14; 1 Цар 19,21Орна му рече на Давид: „Гос­подарот мој, царот, нека земе и принесе жртва што му е по волја. Ете, воловите за сепаленица, а колата и опремата за впрегнување на воловите – за дрва.

23Пс 20,3Сето тоа, царе, Орна му го дава на царот.“ Орна му кажа уште на царот: „Господ, твојот Бог, нека биде милос­тив кон тебе!“

24Но царот му рече на Орна: „Не, јас ќе ти платам, колку што чини, и нема да му принесам на Господ, мојот Бог, жртва, земена како дар.“ И Давид го купи гумното и воловите за педесет шекели сребро.

2521,14Давид изгради таму жртвеник на Господ и принесе сепаленици и жртви за мир. И Господ се смилостиви над земјата и поморот кај Израелците престана.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help