1 30,6; 5 Мојс 1,19; Ер 2,6; 4,11; Ос 13,15; Јов 1,19 Пророштво за крајморската пустина. – Како што бурите навалуваат од Негев, така доаѓа тоа од пустината, од страшната земја.
2Ер 25,25; Откр 17,3Страшна глетка ми беше покажана: грабач граби, пустошник опустошува; оди Еламе, опсадувај Мидијо: на сите воздишки ќе им ставам крај.
313,8; 16,11; Ер 30,6; Мих 4,9; Пс 38,7Од тоа бедрата ми треперат; маки ме обзедоа, како маки на родилка. Заглушен сум од тоа што слушам; вознемирен сум од ова што го гледам.
4Срцето ми трепери: морници ме обземаат; радосната моја ноќ стана ужас за мене.
5Авак 2,1; Дан; 5,1-4.30Готват трпеза, постилаат покривки, јадат, пијат. „Станувајте, кнезови, намачкајте ги штитовите!“
62 Цар 9,17; Авак 2,1Зашто вака ми рече Господ: „Оди, постави стражар; нека го јавува тој она што го гледа.“
728,23И виде тој дека доаѓаат по двајца јавачи на коњи, јавачи на магариња, јавачи на камили; и претпазливо тој слушаше со големо внимание, –
8и почна да вика тој како лав: господаре мој, стоев на стража цел ден и на местото свое останував по цели ноќи:
9Ер 50,2; 51,8; Откр 14,8; 18,2и ете, доаѓаат луѓе, јавачи на коњи по двајца. Потоа извика и рече: падна, падна Вавилон, и сите идоли на боговите негови лежат скршени на земјата.
1041,15; Ер 51,33; Мих 4,13О, овршено жито на гумното мое! Она што го чув од Господ Саваот, Израеловиот Бог, тоа и ви го соопштив.
До кога?11Пророштво за Едом. – Ми викаат од Сеир: „Стражару, кое време е во ноќта? Пазачу, кое време е ноќва?“
12Ез 33,2.6; Пс 130,6; Рим 13,12Чуварот рече: „Наближува утрото, но и ноќта. Ако упорно прашувате – прашувајте; вратете се и дојдете.
131 Мојс 10,7; 25,3; Ер 49,8; Ез 25,13Пророштво за Арабија. – Во гората арабиска ноќевајте, каравани дедански.
14Жители на темајската земја, носете вода да ги пречекате жедните; со леб пречекајте ги бегалците;
15зашто тие бегаат од мечот, од гол меч, од затегнат лак и од жестокоста на војната.“
1616,14; Ез 27,21Зашто вака ми рече Господ: „Уште една година, еднаква на наемничката година, – и сета слава на Кедар ќе исчезне,
17Ер 49,28кај храбрите синови на Кедар ќе останат мал број стрелци,“ така вели Господ, Бог Израелов.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.