Дела 17 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Неволјите во Солун

1Минувајќи преку Амфипол и Аполонија, дојдоа во Солун, ка­де што имаше јудејска синагога.

213,14Павле, по својот обичај, влезе кај Ју­дејците и три саботи по ред им зборува­ше од Писмото.

39,20; 18,5; 26,23; Лк 24,26Тој им објаснуваше и докажуваше дека Христос требаше да пострада и да воскресне од мртвите и дека овој Исус, Кого тој им Го проповеда, е Христос.

413,43; 28,24И некои од нив поверуваа и се при­со­единија кон Павле и Сила, – големо мнозинство богобојазливи Елини, а исто така и не малку угледни жени.

513,45; 1 Сол 2,15Но некои од Јудејците што не по­ве­руваа, поттикнати од завист, зедоа не­кои лоши луѓе од пазарите, се насобраа по групи и го разбунтуваа градот. По­тоа ја нападнаа Јасоновата куќа и поч­наа да ги бараат за да ги изведат пред народот.

616,20; 24,5; Рим 16,21А бидејќи не ги најдоа, го изведоа Јасон и некои браќа пред градските началници и викаа дека оние што го по­буниле целиот свет сега дошле и тука, дека нив

725,8ги прибрал Јасон, а сите тие пос­тапуваат против заповедите на царот, изјавувајќи дека има друг цар – Исус.

8Така го вознемирија народот и градските началници, кои го слушаа тоа.

9Но тие, откако добија залог од Јасон и од другите, ги пуштија.

Добар прием во Верија

10 13,14 А браќата веднаш преку ноќта ги упатија Павле и Сила кон Верија. Тие кога пристигнаа, отидоа во јудејската синагога.

11Овие беа поблагородни од солунја­ни­те; тие го примија словото со голема усрдност и секој ден го проверуваа Пис­мото, за да се уверат, дали е тоа та­ка.

1217,34И мнозина од нив поверуваа – од Елините не мал број угледни мажи и жени.

13Но солунските Јудејци, штом дознаа дека Павле и таму го проповеда словото Божјо, дојдоа и таму за да го потресат и вознемират народот.

14Тогаш браќата го испратија Павле да оди кон морето, а Сила и Тимотеј ос­танаа таму.

15Оние, што го придружуваа Павле, го доведоа до Атина и се вратија со за­повед од него до Сила и Тимотеј, да дојдат и тие поскоро кај него.

Павле и атинските филозофи

16И додека ги чекаше нив во Атина, духот на Павле се вознемируваше, гледајќи го градот, полн со идоли.

17И тој расправаше во синагогата со Јудејците и побожните, и секој ден на плоштадот со оние што ќе ги сретнеше.

181 Кор 1,22А некои епикурејски и стоички фи­лозофи почнаа да се препираат со него; едни велеа: „Што сака да каже овој празнословец?“, а други: „Се чини дека тој проповеда туѓи божества“, зашто им благовестеше за Исус и за воскресението.

1928,22И зедоа, та го одведоа на Аре­опа­гот, велејќи: „Ќе можеме ли да знаеме какво е тоа учење што го проповедаш?

20Бидејќи нешто непознато внесуваш во ушите наши. Затоа сакаме да знаеме што е тоа.“

21А, пак, сите атињани, како и ту­ѓин­ците, кои живееја кај нив, во ништо друго не сакаа да го поминуваат времето освен во тоа да зборуваат или да слу­шаат за нешто ново.

22Тогаш Павле застана сред Ареопагот и рече: „Луѓе атињани, по сѐ гледам дека сте побожни.

233,17; Гал 4,8Зашто, кога минував и ги разгледував светилиштата ваши, најдов и жрт­ве­ник, на кој беше напишано: ‚На непознатиот Бог.‘ За Него, пак, Кого вие не Го знаете, а Кого Го почитувате, за Не­го јас ви проповедам.

244,24; 7,48; 19,26; 1 Цар 8,27; Ис 66,1-2; Пс 146,6Бог, Кој го создаде светов и сѐ, што е во него; Тој, Кој е Господ на небото и на земјата, не живее во ракотворени храмови,

25Ис 42,5ниту, пак, прима служба од човечки раце како да има потреба од нешто, но Сам на сите им дава живот, здив и сѐ.

2614,17Од една крв го создаде сиот род чо­вечки за да живее по целото лице на земјата, откако утврди предопределени времиња и граници на нивните живе­алишта,

27Ис 55,6за да Го бараат Господа, та да би можеле некако да Го насетат и најдат, иако Тој не е далеку од секого меѓу нас:

28Рим 1,19-20зашто ние преку Него живееме, се движиме и постоиме, како што рекле и некои од вашите стихотворци: ‚Негов род сме.‘

29Ис 40,18-20И така, бидејќи род Божји сме, не треба да мислиме дека Божеството прилега на злато, или сребро, или камена творба што излегла од човечки ум и измислица.

30Бог, пак, не осврнувајќи се на вре­мињата на незнаење, сега редум им заповеда на сите луѓе да се покаат,

3110,42; 1 Сол 1,10зашто определи ден кога праведно ќе му суди на светот преку одредениот од Него Човек, откако ги увери сите со Неговото воскресение од мртвите.“

321 Кор 1,23Кога чуја за воскресението од мрт­вите, едни се насмеаја, а други рекоа: „Другпат сакаме да послушаме за тоа.“

33И тогаш Павле си отиде од нив.

34А некои луѓе се присоединија кон него и поверуваа. Меѓу нив беше Ди­онисиј Ареопагит и една жена, по име Дамара, и други со нив.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help