Јоил Вовед - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ВоведЈоил бил пророк во Израел. Не се знае точно кога живеел, но се претпоставува дека живеел во четвртиот или петтиот век пр. Христос, во времето на Персиската империја. Во негово време роеви скакулци ги пустошеле земјоделските насади. Јоил му напоменувал на народот дека тоа им е казна од Господ. Понатаму, Јоил ја употребил ситуацијата со скакулците за да им објави на Израелците дека вистинска армија ќе го нападне Израел. Ако народот се покае за своите гревови, Господ ќе им се смилува, ќе им прости и повторно ќе ги благослови. Забележително е ветувањето дека Господ ќе Го прати Својот дух на сите луѓе: на мажи и жени, на млади и стари.Јоил го предупредувал народот дека пустошењето од скакулците е ништо во споредба со Судниот Ден пред Господ. Тогаш Господ ќе ги казни сите народи, за сите нивни неправди кон Неговиот народ.
Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help