Судии 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Ефтај станува војсководач на Израел

1 Евр 11,32 А Ефтај беше од Галаад, човек храбар; Тој беше син на една блудница, со која Галаад го роди Ефтај.

21 Мојс 21,10Но жената на Галаад му роди сино­ви. Кога пораснаа синовите од жената, таа го истера Ефтај, велејќи му: „Ти не си наследник на домот на нашиот татко, зашто си син на друга жена.“

39,4И Ефтај избега од браќата свои во земјата Тов. Кај Ефтај се собраа тогаш безделници и одеа со него.

4По извесно време Амонците влегоа во војна против Израел.

5Во времето на војната на Амонците против Израел отидоа галаадските старешини да го доведат Ефтај од земјата Тов,

6и му рекоа на Ефтај: „Дојди, стани ни војвода и ќе војуваме против Амонците.“

7Ефтај им рече тогаш на галаадските старешини: „Нели ме намразивте и ме истеравте од домот на татко ми? Зошто дојдовте сега кај мене, кога сте во неволја?“

810,18Галаадските старешини му одговорија на Ефтај: „За тоа дојдовме кај тебе сега, за да дојдеш со нас и да војуваш против Амонците и да бидеш кај нас кнез на сите жители галаадски.“

9А Ефтај им одговори на галаадските старешини: „Ако ме вратите за да се борам против Амонците, и Господ ми ги предаде, ќе станам ли кај вас кнез?“

101 Мојс 31,50Галаадските старешини му рекоа на Ефтај: „Господ нека биде сведок меѓу нас дека ќе постапиме според зборот твој!“

111 Мојс 31,49Потоа Ефтај отиде со галаадските старешини, и народот го постави за свој поглавар и војвода. И Ефтај ги искажа сите свои зборови пред Господ што ги беше рекол во Мицпа.

Пораките на Ефтај до Амонците

12И Ефтај испрати тогаш гласници кај амонскиот цар да каже: „Што бараш од мене, та си дошол кај мене да војуваш во земјата моја?“

13Ер 11,10; 13,10

4 Мојс 21,13.24; 5 Мојс 2,17-23А амонскиот цар им рече на Еф­таиевите гласници: „Кога Израел дојде од Египет, ја зазеде мојата земја од Арнон до Јавок и Јордан; затоа врати ми ја на мирен начин.“

145 Мојс 32,37-38; Ер 2,28; 11,12; Авак 2,18 Но Ефтај пак испрати гласници кај амонскиот цар

151 Сам 3,18; 2 Сам 10,12; 15,26за да му кажат: „Вака вели Ефтај: Из­раел не ја зазеде земјата моавска и земјата амонска;

16Ис.Н. 24,23зашто, кога доаѓаше од Египет, Израел отиде во пустината кај Црве­ното Море и дојде во Кадис;

174 Мојс 20,17оттаму Израел испрати гласници кај едомскиот цар за да кажат: ‚дозволи ми да минам низ земјата твоја‘. Но едомскиот цар не се согласи; испрати и кај моавскиот цар, но и тој не се согласи. Затоа Израел остана во Кадис.

184 Мојс 20,21; 21,4; 21,13И тргна преку пустината, ја заобиколи земјата едомска и земјата моав­ска, и дојде до источната граница на моавската земја, и се смести од онаа страна на Арнон; но не влезе во пределите моавски, бидејќи Арнон е граница на Моав.

194 Мојс 21,21-26; 5 Мојс 2,26-37Но Израел испрати пратеници и кај Сихон, царот аморејски, царот од Есевон, и му рече: ‚дозволи ни да минеме преку твојата земја до нашето место.‘

20Но Сихон не му дозволи на Израел да мине преку неговите предели, и го собра Сихон сиот народ свој, па постави логор во Јахца и се судри со Израел.

21И Господ, Бог Израелов, го предаде Сихон и сиот негов народ во рацете на Израел, и тој ги испотепа; и завладеа Израел со целата земја на Аморејците, кои живееја во таа земја,

22и тие завладеаја над сите предели аморејски, од Арнон до Јавок и од пустината до Јордан.

23И така, Господ, Бог Израелов, ги изгони Аморејците пред народот Свој Израел, а ти сакаш да го завладееш?

245 Мојс 2,36Зарем ти не владееше со тоа што ти го дал во наследство Хамос, твојот бог? И ние владееме со сето она што ни го даде како наследство Господ, нашиот Бог.

254 Мојс 22,1-6; Ис.Н. 24,9Зар си ти подобар од Валак, синот на Ципор, царот моавски? Се карал ли тој со Израел или војувал ли против него?

26Израел живее веќе триста години во Есевон и во неговите села, во Ароер и во неговите села, и во сите градови што се блиску до Арнон; зошто за тоа време не ги одзедовте?

27Јас не сум виновен пред тебе, а ти ми правиш зло, тргнуваш во војна против мене. Господ нека биде судија меѓу синовите Израелови и Амонците.“

28Но амонскиот цар не ги послуша зборовите на Ефтај, што тој му ги испрати.

Ветувањето на Ефтај

29 3,10 И слезе врз Ефтај Духот Господов, и тој го премина Галаад и територијата на Манасија, се врати во Мицпа во Галаад, и од Мицпа отиде кај Амон­ците.

301 Сам 14,24И Ефтај даде завет пред Господ, велејќи: „Ако ги предадеш Амонците во рацете мои,

311 Мојс 22,1-19; 2 Цар 3,27; Мих 6,7тогаш, кога ќе се вратам со мир од Амонците, сѐ што ќе ми излезе во пресрет од вратата на домот мој, нека биде за Господ, и ќе го принесам како жртва сепаленица.“

32Па отиде Ефтај кај Амонците да се бори против нив, и Господ му ги предаде во рацете негови;

33и им нанесе многу голем пораз, и освои дваесет градови, расположени помеѓу Ароер, Минит и Авел-Кера­мим, и се смирија Амонците пред синовите Израелови.

34Потоа дојде Ефтај во Мицпа, во домот свој, и ете, ќерка му излегува во пресрет со тимпани и оро: таа му беше единица; освен неа немаше друг син или ќерка.

354 Мојс 30,3; 5 Мојс 23,22; Проп 5,3-5Штом ја виде, ја раскина облеката своја и рече: „Ах, дете мое! Ти ме фрлаш во големи јадови: и ти си меѓу оние што го нарушија спокојството мое! Јас ја отворив устата своја пред Господ и не можам да ја одречам мојата заклетва.“

36Таа му одговори: „Татко! Ти ја от­вори устата своја пред Господ и прави го она со мене што си го кажал со устата своја штом Господ се одмазди преку тебе на твоите непријатели, Амонците.“

37И му рече на својот татко: „Но допушти ми го само уште ова: пушти ме за два месеца да отидам да се искачам на гората и да го исплачам моминството свое со другарките мои!“

38Тој ѝ рече: „Оди!“ И ја пушти за два месеца. Таа отиде со другарките свои и го оплакуваше моминството свое во гората.

39По два месеца таа се врати кај својот татко, и тој го изврши над неа заветот свој што го даде, и таа не позна маж. Оттогаш стана обичај во Израел,

40секоја година ќерките Израелови да одат и да ја оплакуваат ќерката на галаадчанинот Ефтај, по четири дена во годината.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help