1 3,1; 4,10 Синко, ако ги примиш зборовите на Моите заповеди, и ги зачуваш во себеси,
222,17; 5 Мојс 6,4ако увото твое внимателно ја слуша мудроста, ако срцето твое се приклони кон размислување;
3Пс 3,4; 4,4ако ги повикаш знаењето и разумот;
43,14; Јов 28,3; Мт 13,44; Кол 2,3ако ги бараш како сребро и ги истражуваш како ризница, –
51,7; Ис 55,6ќе го разбереш стравот Господов и ќе го најдеш знаењето за Бога.
61 Цар 3,12; Јов 32,8; Јк 1,5Зашто Господ дава мудрост; од устата Негова доаѓаат знаењето и разумот;
730,5; Пс 84,10Тој го зачувува за праведните спасението; Тој е штит за оние кои живеат непорочно;
81 Сам 2,9; Пс 66,9Тој ги чува патиштата на правдата и ја брани патеката на оние, кои Го почитуваат.
94,18; 8,20Тогаш ќе ги разбереш правдата и правосудието, правината и секој добар пат.
1014,33; 22,18Кога мудрост ќе влезе во срцето твое, и знаењето ќе ѝ биде пријатно на душата твоја,
114,6; 6,22тогаш расудувањето ќе те брани, разумот ќе те чува,
126,12; 28,26за да те спаси од лош пат, од човек, кој говори лага,
134,19; 21,16; Пс 82,5; Јн 3,19-20од оние, што ги напуштиле патиштата на правдата, за да одат по патот на темнината;
1410,23; Ер 11,15од оние, што се радуваат, вршејќи зло, кои се восхитуваат на расипаност,
1521,8; Пс 125,5чии патишта се криви, и кои талкаат далеку од правиот пат;
166,24; 7,5; 23,27за да те спаси од туѓа жена, која ги засладува зборовите свои,
177,10; Ис 1,21; Ер 2,24; Ос 1која го остава пријателот на младоста своја, и која го заборава заветот на својот Бог.
187,27; 9,18Домот нејзин води кон смрт, и патеките нејзини – кон пеколот;
195,6; 6,32никој од влезените кај неа не се враќа и не стапнува врз патот на животот.
204,18; 12,28Затоа оди по патот на добрите и придржувај се кон патеките на праведните,
2110,30; Пс 37,9; Мт 5,5зашто праведните ќе живеат на земјата, и непорочните ќе опстанат на неа;
225 Мојс 28,63; Пс 37,38; 52,5а беззакониците ќе бидат истребени од земјата, и вероломните – искоренети од неа.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
