1 Солуњаните 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 Дан 2,21; Мт 24,36; Дела 1,7 А за времињата и часовите, браќа, нема потреба да ви се пишува,

2Мт 24,36.43; Лк 12,39-40; 1 Кор 1,8; 2 Кор 1,14; Фил 1,6.10; 2 Птр 3,10; Откр 3,3бидејќи вие самите многу добро знаете: денот Господов ќе дојде како крадец во ноќно време.

3Ер 4,31; 6,14; 8,11; Ез 13,10; Мт 24,8; Лк 21,34-35; Јн 16,21-22; 2 Сол 1,9И додека уште велат: „Мир и безбедност!“, Тогаш ненадејно ќе ги снајде пропаст и не ќе можат да избегнат.

4Јн 12,46; Дела 26,18; 1 Јн 2,8Но вие, браќа, не сте во темнина, та денот да може да ве затече како крадец.

5Лк 16,8; Јн 8,12; Рим 13,12; Ефес 5,8-9Бидејќи сите вие сте синови на свет­лината и синови на денот; ние не сме синови на ноќта, ниту на темнината.

6Мт 24,42-44; Рим 13,11; 1 Птр 1,13; 5,8И така, да не спиеме како и другите, туку да бидеме будни и трезни.

7Дела 2,15Зашто оние што спијат, ноќе спијат, и оние што се опиваат, ноќе се опиваат.

8Ние, пак, како синови на денот, да бидеме трезни и облечени во оклопот на верата и љубовта и шлемот на на­дежта за спасение,

9зашто Бог нѐ определи не за гнев, туку да добиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос,

104,14; Рим 14,8-9Кој умре за нас, та ние да живееме заедно со Него, било кога сме будни, или кога спиеме.

11Ефес 2,20-22; 5,19; Кол 3,16; Јуда 1,20Поради тоа утешувајте се меѓу себе и надградувајте се еден со друг онака како што и правите!

Последни препораки и поздрави

12 1 Кор 16,16-18; Гал 6,6; 1 Тим 5,17; Евр 13,17 И ве молам, браќа, да ги уважувате оние што се трудеа меѓу вас, и ве водат во Господ, и оние кои ве утешуваат.

13Мк 9,50И кон нив да имате преголема љу­бов заради нивното дело. Живејте во мир меѓу себе!

142,12; Ис 35,4; Мт 18,15; Рим 14,1; 1 Кор 8,7; 13,4Браќа, ве молам, поучувајте ги не­уредните, утешувајте ги малодушните, поткрепувајте ги слабите и бидете долготрпеливи кон сите.

15Гледајте никој никому да не враќа зло за зло; туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите!

16Радувајте се секогаш!

17Лк 18,1; Рим 12,12; Кол 4,2Молете се постојано!

18Ефес 5,20Благодарете за сѐ, зашто таква е волјата Божја во Христос Исус спрема вас!

19Ефес 4,30Не гаснете Го Духот!

201 Кор 12,10.29; 13,2; 14,1.3.39Пророштвата не ги омаловажувај­те!

21Сѐ испитувајте, за доброто држете се!

22Клонете се од секакво зло!

23А Сам Бог на мирот да ве освети наполно во сѐ, и целиот ваш дух и ду­шата и телото да се запазат без порок за доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос!

24Верен е Оној, Кој ве повикува. Тој и ќе го направи тоа.

25Браќа, молете се за нас!

26Поздравете ги сите браќа со свет целив!

27Ве заколнувам во Господ ова пос­ла­ние да им го прочитате на сите свети браќа.

28Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вас. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help