2 Коринтјаните 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Дарежливоста на Коринтјаните

1 8,4.20 Во врска со помагањето на светиите сметам дека не треба да ви пи­шу­вам,

2зашто ја познавам вашата спремност, за која се фалам со вас пред Маке­донците: „Ахаја приготвила помош уш­те од лани“; и вашата ревност поттикна мнозина.

38,24А браќата ги испратив за да не биде напразна нашата пофалба за вас, туку да бидете приготвени, како што тврдев,

4па, ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени, да не остане­ме посрамени ние – да не речам вие, от­како ве пофаливме со таква увереност.

5Затоа сметав дека е потребно да ги замолам браќата да дојдат претходно кај вас и да ја приготват вашата од­нап­ред ветена милостина, па да се покаже како плод на благослов, а не на лакомство.

6Изреки 11,24.25; 19,17Ова, пак, ви го велам: кој така скр­жаво сее, така скржаво ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее.

7Изреки 22,8Секој да дава како што одлучил во срцето, а не со жал или принуда; зашто Бог го љуби оној што од срце дава.

8А Бог може изобилно да ве дарува со секаков дар, секогаш да имате доволно за сѐ, да бидете од сѐ срце дарежливи во секое добро дело.

9Пс 112,9Како што е напишано: „Раздаде, им даде на сиромашните; правдата Негова останува вечна.“

10Ис 55,10; Ос 10,12А Оној Кој му дава на сејачот семе и леб за храна, Тој ќе го умножи и семето ваше, и ќе ви даде да изобилуваат плодовите на вашата правда,

111,11; 4,15па во сѐ да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предизви­кува благодарност кон Бога.

121,11; 1 Кор 16,1Бидејќи извршувањето на таа служ­ба не само што ги надополнува пот­ре­бите на светиите, туку и во мнозина предизвикува обилна благодарност кон Бога;

13Дела 2,42и тие, користејќи ги плодовите од таа служба, Го прославуваат Бога за ва­шето покорно исповедање на Еван­ге­ли­ето Христово и за штедроста на заедницата со нив и со сите други.

14А тие со молитви за вас копнеат по вас поради преизобилната благодат Божја во вас.

158,9Да Му благодариме на Бога за Не­говиот неискажлив дар!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help