Псалми 24 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

ПСАЛМ 24Свечено влегување на Великот Цар во светилиштето

1 89,11; 1 Кор 10,26 Господова е земјата и сѐ што ја ис­полнува, вселената и оние што живеат во неа,

246,2; 75,3; 104,5; Јов 38,4-6зашто Тој ја основа врз морињата, и на реки ја утврди.

315,1-5Кој може да излезе на гората Гос­подова и кој ќе застане на Неговото свето место?

426,6; Мт 5,8Оној, чии раце се невини и чие срце е чисто, кој не си ја продава ду­шата своја на лажни работи и не се заколнува лажно.

5Тој ќе добие благослов од Господ и награда од Бога, Својот Спасител.

6Таков е родот на оние што Го ба­раат Него, кои Го бараат Бог Јаковов!

7118,19-20; 2 Сам 6,12-16; Ез 44,2; Мал 3,1Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подигнати вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата!

8Кој е тој Цар на славата? – Креп­киот и силниот Господ, силниот во војна Господ.

9Подигнете ги, порти, главите свои, бидете подготвени вие, вечни врати, за да влезе Царот на славата!

102 Мојс 24,16Кој е Царот на славата? – Господ над војските – Тој е Цар на славата!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help