Неемија 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Непријателите повторно се противставуваат

1 2,10.19 Кога слушнаа Санавалат, Товија и Гешем, Арабјанецот и другите на­ши непријатели дека јас го изѕидав ѕидот, и дека на него не остана ниту една пукнатина – до тоа време, меѓу­тоа, не бев поставил уште врати на портите, –

2тогаш Санавалат и Гешем испра­тија луѓе да ми кажат: „Дојди да се сретнеме во Кефирим, во долината Оно!“ Тие намислиле да ми направат зло.

3Но јас испратив пратеници да им кажат: „Зафатен сум со голема работа, не можам да слезам; работата ќе запре, ако ја оставам и слезам кај вас.“

45,8Четирипати тие ми испраќаа таква покана, а јас им враќав ист одговор.

5Тогаш Санавалат го испрати по ме­не, за петти пат, слугата свој со отво­рено писмо во раката своја.

6Во него беше напишано: „Глас се разнесува меѓу народите, и Гешем тврди дека, божем, ти и Јудејците сте намислиле да дигнете востание, поради што и го ѕидаш ѕидот и сакаш да им бидеш цар; така се зборува;

7си поставил и пророци да разгласуваат за тебе во Ерусалим и да говорат: ‚цар јудејски!‘ А таквите зборови ќе дојдат до царот. Затоа дојди, и ќе се посоветуваме заедно.“

8Но јас испратив да му кажат: „Ништо такво немало, за што зборуваш; сам си го измислил со својот ум.“

9А тие сите нѐ заплашуваа, велејќи: „Ќе им капнат рацете од таа работа, и таа нема да се заврши.“ Но јас уште повеќе си ги зацврстив рацете свои.

104 Мојс 18,7Отидов во куќата на Шемаја, син на Делаја, син Мехетавелов, и тој се затвори и рече: „Да појдеме во Божјиот дом, внатре во храмот, и да ја заклу­чиме потоа вратата на храмот, зашто ќе дојдат да те убијат ноќе.“

11Но јас одговорив: „Зарем треба да бега човек како мене? Треба ли таков човек каков што сум јас да влезе во хра­мот за да остане жив! Не одам.“

12Ез 13,22-23Јас знаев дека не го беше испра­тил Бог, – иако ми говореше пророч­ки, – туку дека Товија и Санавалат го беа поткупиле.

13Ер 20,10Тој беше поткупен за да ме ис­плаши, да постапам така и да згрешам, та да имаат за мене лошо мислење и да ме казнат за тоа со прекори.

14Ер 23,9-40; Зах 13,2-3Помни ги, Боже мој, Товија и Сана­валат според тие нивни дела, а исто така и пророчицата Ноадија и другите пророци што сакаа да ме уплашат?

15Ѕидот беше завршен во дваесет и петтиот ден од месецот елул, точно за педесет и два дена.

16Кога слушнаа за тоа сите наши непријатели, и го видоа тоа сите околни народи, многу се исплашија и сфатија дека таа работа е извршена од нашиот Бог.

17Освен тоа, во тие дни повидните Јудејци пишуваа писма и ги испраќаа до Товија, а Товиевите писма одеа до нив,

18зашто мнозина во Јудеја со заклетва склучија сојуз со него, зашто тој му беше зет на Шеханија, син Арахов, а синот негов Јонатан беше женет за ќер­ката на Мешулам, синот на Варахија.

19Тие говореа пред мене дури и за неговата добрина, а моите зборови му се пренесуваа нему. Товија испраќаше писма за да ме заплаши.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help