Создавање 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Вавилонската кула

1 , зашто таму го збрка Господ јазикот на целата земја и оттаму ги растури Господ по целата земја.

Родословие на патријарсите од Сим до Авраам

10 1 Лет; 1,17-27; Лк 3,34-36 Ова е родословието на Сим: Сим имаше сто години кога го роди Ар­факсад, две години по потопот.

11И откако го роди Арфаксад, поживеа Сим петстотини години, раѓајќи синови и ќерки.

12А Арфаксад поживеа триесет и пет години и го роди Сала.

13По раѓањето на Сала, Арфаксад поживеа четиристотини и три години, раѓајќи синови и ќерки.

14Сала поживеа триесет години и го роди Евер.

15А, откако го роди Евер, Сала поживеа четиристотини и три години, раѓајќи синови и ќерки.

16Евер поживеа триесет и четири години, и го роди Фалек.

17По раѓањето на Фалек, Евер поживеа четиристотини и триесет години, раѓајќи синови и ќерки.

18А Фалек поживеа триесет години и го роди Рагав.

19А, откако го роди Рагав, Фалек поживеа двесте и девет години, раѓајќи синови и ќерки.

20Рагав поживеа триесет и две години и го роди Серух;

21а откако го роди Серух, Рагав поживеа двесте и седум години, раѓајќи синови и ќерки.

22Серух поживеа триесет години и го роди Нахор.

23По раѓањето на Нахор, Серух по­живеа двесте години, раѓајќи синови и ќерки.

24Нахор, пак, поживеа дваесет и де­вет години и го роди Тара;

25по раѓањето на Тара, Нахор по­живеа сто и деветнаесет години, раѓајќи синови и ќерки.

26Тара поживеа седумдесет години и ги роди Аврам, Нахор и Аран.

27А еве го родословието на Тара: Тара ги роди Аврам, Нахор и Аран; а Аран го роди Лот.

28Аран умре кај таткото свој Тара во родната земја, во Ур Халдејски.

2922,20-23А Аврам и Нахор се оженија; името на жената Аврамова беше Сараја, а на жената Нахорова името ѝ беше Милка, ќерка на Аран, татко на Милка и Иска.

3016,1; 17,17-21; 18,11-12Сараја беше неплодна и немаше пород.

3115,7И го зеде Тара синот свој, и внукот од синот свој, Лот, син Аранов, и Сараја, снаата своја, жената на неговиот син Аврам; па излегоа заедно од Ур Халдејски за да појдат во земјата хананска; и дојдоа до Харан, каде што и се населија.

32И поживеа Тара двесте и пет години; и умре Тара во Харан.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help