Исаија 26 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Песна во слава на Бога и надеж во Господ

1 60,18; Мих 2,4; Зах 2,9 Во тој ден ќе биде испеана во земјата Јудина оваа песна: „Гра­дот ни е јак, место ѕидини и опкопи Бог ни даде спасение.

2Пс; 118,19-20Отворете ги портите; нека влезе праведниот народ, кој ја пази вистината.

3Цврстиот по дух Ти го пазиш во совршен мир, зашто на Тебе се надева.

417,10; 30,29; 5 Мојс 32,4; Пс 62,7Надевајте се на Господ засекогаш, зашто Господ Бог е вечната тврдина;

525,2.12; 32,19; Изреки 16,5.18Тој ги собори оние, што живееја на високо; градот, што стоеше високо го собори, го кутна на земја, го фрли во прав.

6Нога го гази, нозете на сиромавиот, стапките на бедните.“

Доверба во Господ

7 Ос 14,10; Јов 17,9; Изреки 2,20 Патот на праведниот е прав; Ти ја израмнуваш неговата патека.

825,9; Пс 37,23На патот на Твоите судови, Гос­поди, ние на Тебе се надеваме; душата наша се стреми кон Твоето име и кон спо­менот за Тебе.

9Пс 42,1; 63,2; 77,3Со душата своја се стремиме кон Тебе ноќе, и со духот свој ќе Те бараме искрено од рани зори; зашто, кога Твоите пресуди се извршуваат на земјата, тогаш жителите на светот се учат на правда.

10Проп 8,11Ако нечесен биде помилуван, тој нема да се научи на правда, ќе злодеј­ствува во земјата на праведните и нема да погледне на величието Господово.

115,12; 30,27; 37,32; 2 Мојс 15,6; Мих 7,16; Пс 21,9; Евр 10,27Господи! Раката Твоја беше високо крената, но тие не ја видоа; ќе видат и ќе се посрамат оние, што го мразат Твојот народ; оган ќе ги голтне Твоите непријатели.

12Пс 90,17; Фил 2,13Господи! Ти ни даруваш мир, зашто и сите наши дела Ти ги уредуваш за нас.

1363,19Господи, Боже наш! Други господари, освен Тебе, владееле над нас; но само преку Тебе ние го славиме Твоето име.

14Ер 51,55Мртвите нема да оживеат; нивните сенки нема да станат, зашто Ти ги каз­ни и истреби, го уништи секој спомен за нив.

15Ез 28,22; 47,15-20; Неем; 11,1-2Ти го намножи народот, Господи, го намножи народот. Се прослави Себе Си, ги рашири сите земни граници.

Господ оживува мртви!

16 Ер 2,27; Ос 5,15; 6,1 Господи, кога беа во беда, тие Те бараа; изливаа тивки молитви, кога ги стигнуваше Твојата казна.

1713,8; 37,3; Ер 4,31; Ос 13,13; Мт 24,8; Јн 16,21; Откр 12,2Како трудна жена, кога ќе раѓа, се мачи, вика од болки, така бевме ние пред Тебе, Господи.

182 Цар 19,3; Мих 4,10Бевме трудни, се мачевме, но ро­дивме само ветар; спасение не ѝ доне­совме на земјата, и други жители во вселената не се појавија.

19Ез 37,12; Дан 12,2; 1 Кор 15,35-38; Ефес 5,14Твоите мртовци ќе оживеат, мрт­вите тела ќе воскреснат! Разбу­дете се и ликувајте вие, соборените во прав; за­што Твојата роса е роса на светлина, и земјата ќе ги даде мртовците.

2010,25; 54,8; Соф 2,3; Јов 14,13; Мт 6,6; 24,22Ајде народе Мој, влези во покоите свои и затвори ги зад себе вратите свои, сокри се за миг, додека да мине гневот;

И земјата и морето ќе бидат казнети

21 Мих 1,3; Јов 16,18-19; Откр 3,10; 6,10 зашто, ете, Господ излегува од Своето живеалиште да ги казни жи­телите земни за нивното беззаконие, и земјата ќе ја открие голтнатата од неа крв и повеќе нема да ги крие своите убиени.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help