1 , според словото Господово.
Давид ја освојува Рава26 1 Лет; 20,1-5 Јоав војуваше против Рава Амонска и туку-речи го презеде тој царски град.
27Испрати Јоав гласници да му кажат на Давид: „Јас ја нападнав Рава и ја освоив водата на градот;
28сега собери го другиот народ и тргни кон градот, и преземи го; зашто, ако го преземам јас, ќе му се даде моето име.“
29Давид го собра сиот народ, тргна кон градот Рава, војуваше против него и го презеде.
30Давид ја зеде круната на нивниот цар од главата негова, – а во неа имаше талант злато и скапоцен камен, – и ја стави Давид на својата глава, и однесе од градот многу голем плен.
31А народот што беше во него, го изведе и му наложи да работи со пили, со железни гребла и со железни секири, или пак ги испрати да печат тули. Така постапи тој со сите амонски градови. Потоа Давид се врати со сиот народ во Ерусалим.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
