1 25,18; Јн 1,47; Рим 4,6-8 Блажени се оние, чии престапи им се простени, и чии гревови се покриени!
2Блажен е оној човек, кого Господ не го смета за виновен, и во чиј дух нема измама!
331,10Додека молчев, се сушеја коските мои од секојдневното мое воздишување,
4бидејќи и дење и ноќе тежеше над мене раката Твоја, се сушев како на летен припек.
551,4; 2 Сам 12,13; Јов 31,33; 1 Јн 1,9.10Тогаш го признав гревот мој и не го сокрив беззаконието свое, па реков: „Ќе Му ги исповедам на Господ моите престапи,“ и Ти ми ја прости вината на гревот мој.
6Затоа секој побожен човек нека Ти се моли навреме, и тогаш притисокот од многуте води нема да го достигне.
7Ти си мое прибежиште, од маката со која сум опкружен Ти ќе ме избавиш; ќе ме опкружиш со спасоносни звуци.
833,18„Ќе те вразумам,“ – вели Бог – „Ќе ти го покажам патот, по кој да одиш; ќе бдеат очите Мои над тебе.“
9„Не бидете како коњ или како маска, кои немаат разум, чија дивина со узда и оглавник се скротува за да ти се покоруваат.“
10Многу маки ќе го снајдат грешникот; но оној кој има верба во Господ, него милост ќе го опкружува.
1133,1Веселете се во Господ и радувајте се, праведници: радувајте се сите кои сте со чисти срца.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
