1Слушајте го словото, кое Господ ви го кажува, доме Израелов!
212,16; Рим 12,2Вака вели Господ: не одете по патот на незнабошците и не плашете се од небесните знаци, од кои се плашат незнабошците.
3Бидејќи обичаите на тие народи се суетни: отсекуваат дрво во гората, го изделкуваат човечки раце,
4Ис 40,19го украсуваат со сребро и злато, го прицврстуваат со клинови и со чекан за да не се ниша.
5Пс 115,4-7Нивните богови се како плашила во градина и не говорат; нив ги носат, зашто не можат да одат. Не плашете се од нив, зашто тие не можат да направат зло, но и добро не можат да направат.
Еремија Го возвеличува Господа6 49,19; Пс 86,8-10 Нема сличен на Тебе, Господи! Ти си велик и името Твое е велико и моќно!
75,22; Откр 15,4; Рим 16,24Кој не ќе се плаши од Тебе, Царе над народите, зашто само Тебе Ти припаѓа тоа; бидејќи меѓу сите мудреци кај народите и во сите царства нема сличен на Тебе.
8Зах 10,2Сите тие до еден се неразумни и глупави; суетно е од дрво да учиш!
9Сребро ковано во листови се носи од Тарсис, злато од Уфаз, тие се дело на мајстор и на леар; облеклото нивно е од порфир и кадифе; сето тоа е дело на вешти луѓе.
105 Мојс 5,26; Мих 4,7; Пс 18,7; 93,1; Наум 1,6А Господ е вистински Бог. Тој е жив Бог и вечен Цар. Од Неговиот гнев трепери земјата, и народите не можат да го издржат Неговиот гнев.
11Наум 1,14Така речете им: боговите, кои не се створители на небото и на земјата, ќе исчезнат од земјата и од под небесата.
1251,15-19; Пс 104,24; Изреки 3,19Тој ја создаде земјата со силата Своја, ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата.
13Пс 135,7; 147,8Од гласот Негов шумат водите небески, и Тој ги крева облаците од краиштата земни, создава молскавици среде дожд и изведува ветар од Неговото пребивалиште.
14Човекот е безумен во своето знаење, ќе се засрами секој леар со идолот свој, бидејќи она што го излеал е лага, и во него нема дух.
15Тие се ништожни, дела на заблуда; во времето на посетата нивна тие ќе пропаднат.
1616,21; 5 Мојс 4,20; Пс 16,5; 2 Мојс 15,3; Амос 4,13Делот на Јаков не е како нивниот; бидејќи неговиот Бог е создател на сѐ, а Израел е народ на неговото наследство; името Му е Господ Саваот.
Јудејците ќе бидат прогонети17 46,19; Ез 12,3 Прибери си го имотот свој од земјата, кој седи во опсада.
1822,28; 1 Сам 25,29Зашто вака вели Господ: еве, овој пат ќе ги исфрлам жителите од оваа земја и ќе ги одведам во тесно место, за да ги фатат.
1914,17; 15,18Тешко мене во маката моја; лута е раната моја, но јас си велам – „Навистина тоа е мојата казна и морам да ја поднесувам;
2049,29; Амос 9,11шаторот ми е опустошен и сите мои врвци се скинати; децата мои ме оставија и ги нема: нема веќе кој да го распне шаторот мој и да ги постави завесите мои;
215,5; 23,1; 1 Цар 22,17бидејќи пастирите станаа безумни и не Го бараат Господа, па затоа и немаат напредок, така што целото стадо им се распрсна.“
22Ете, се слуша глас и голема врева од северната страна за да ги направи градовите на Јудеја пустина, живеалиште на чакали.
Молитвата на Еремија23 Изреки 16,1.9; 20,24; Дан 5,23 Знам, Господи дека патот на човекот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди да ги исправа стапките свои.
24Казни ме Господи, но со мерка, не во гневот Свој, за да не ме сотреш.
258,16; 30,16; Пс 14,4Излеј ја јароста Своја врз народите кои не Те познаваат, и врз племињата, што не го призовуваат името Твое; зашто тие го изедоа Јаков, го проголтаа и го истребија и живеалиштето му го опустошија.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.