Еремија 26 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Еремиина беседа за покајание

1Во почетокот од царувањето на јудејскиот цар Јоаким, син Јо­шиев, дојде ова слово од Господ.

251,45; Откр 22,19Вака вели Господ: застани во дворот на домот Господов и кажи им ги на сите градови во Јудеја, кои доаѓаат да се поклонат во домот Господов, сите оние зборови што ќе ти заповедам да им ги кажеш; ниеден збор да не пропуштиш.

318,8; 25,5; 26,13Можеби тие ќе те послушаат и ќе се отклони секој од својот лош пат, па тогаш Јас ќе го повлечам злото, што сум намислил да им го направам за нивните лоши работи.

45 Мојс 28,15И речи им – вака вели Господ: ако не Ме послушате, и не одите по Мојот закон, што ви го дадов,

57,25и не ги примате зборовите на Моите слуги, пророците, кои ги праќам кај вас, а ги праќам од рано утро, и кои вие не ги слушате –

644,8.12.22тогаш со овој дом ќе направам исто што со Силом, и овој град ќе го пре­дадам на проклетство на сите земни народи.

Еремија пред Суд

7Свештениците и пророците и сиот народ го слушаа Еремија, кога ги зборуваше овие зборови во домот Господов.

8А кога Еремија кажа сѐ, што му беше заповедал Господ да му каже на сиот народ, свештениците и пророците и сиот народ го фатија и рекоа: „Заслужуваш смрт,

9бидејќи пророкуваш во името на Господ и велиш – овој дом ќе стане како Силом и овој град ќе запусти и ќе остане без жители!“ И сиот народ се со­бра околу Еремија во домот Господов.

10Кога го чуја тоа кнезовите јудејски, дојдоа од царскиот дом, во домот Господов и седнаа пред влезот на но­вите порти на домот Господов.

11Тогаш свештениците и пророците вака им рекоа на кнезовите и на сиот народ: „Овој човек заслужува смрт, затоа што пророкува против овој град; а тоа го чувте со ушите свои!“

1226,15И им рече Еремија на сите кнезови и на сиот народ: „Господ ме прати да пророкувам против овој дом и против овој град со сите зборови, што ги чувте;

137,3.5; 26,19; 42,10па така, исправете ги патиштата и делата ваши и послушајте го гласот на Господ, вашиот Бог, и Господ ќе го повлече злото, што го изрече против вас.

14Ис.Н. 9,25А што се однесува до мене, еве, јас сум во ваши раце; правете со мене, што сметате дека е добро и право;

157,6; 19,4само знајте добро дека ако ме убиете, ќе земете невина крв врз себе и врз овој град и врз жителите негови, зашто навистина, Господ ме прати кај вас да ви ги кажам на ушите ваши сите овие зборови.“

16Тогаш кнезовите и сиот народ им рекоа на свештениците и на пророците – овој човек не потпаѓа под смртна пресуда, затоа што тој ни зборува во името на Господ, нашиот Бог.

17И некои од старешините месни ста­наа и му зборуваа на целото собрание:

189,10; 22,5„Михеј од Морешет пророкуваше во деновите на јудејскиот цар Езекија и му зборуваше на сиот јудејски народ: вака вели Господ Саваот – Сион ќе биде разоран како нива, и Ерусалим ќе стане куп урнатини, и гората на овој дом како шумовит рид.

1926,3; Дела 5,39Па зар го уби заради тоа јудејскиот цар Езекија и цела Јудеја? Па зар не се уплаши тој од Господ и зар не Го замо­ли Господа, и Господ го повлече злото, што беше го изрекол против нив; а треба ли ние сега да навлечеме такво големо зло врз душите свои?

Пророкот Урија

20Пророкуваше во името на Господ и некој Урија, синот на Шемаја, од Кир­јат-Јарим, и тој пророкуваше против овој град и против оваа земја со истите зборови, како сега Еремија.

21Кога ги чуја тие зборови царот Јоа­ким и сите негови големодостојници, и сите кнезови, побараа да го убијат. А кога го разбра тоа, Урија се уплаши и побегна, па отиде во Египет.

22Но царот Јоаким испрати по него луѓе и во Египет: Елнатан, синот Ахбо­ров, и некои други со него.

2322,17И го изведоа Урија од Египет, па го доведоа при царот Јоаким, и тој го уби со меч, а трупот негов го фрли кај гробиштата на обичните луѓе.“

24Но раката на Ахикам, синот Сафа­нов, беше покрај Еремија и не го даде во рацете на народот, за да биде убиен.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help