Естира 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Аман принуден да го почитува Мардохеј

1 2,23; 10,2; 2 Мојс 17,14; Мал 3,16 Преку ноќта Господ не му даде сон на царот. Затоа му заповеда на слугата да ја донесе книгата за дневните белешки; и ги читаа пред царот;

22,21и се најде запишано таму дека Мар­дохеј беше соопштил за двајцата царски слуги Бигетан и Тереш, кои го чуваа прагот и правеа план да стават рака врз царот Ксеркс.

3Царот запраша: „Каква чест и какво одликување му е дадено на Мардохеј за тоа?“ Царските дворјани што му читаа, одговорија: „Ништо не му е направено.“

4Кога царот се распрашуваше за доб­рото дело на Мардохеј, дојде во дворот Аман, и праша царот: „Кој е во дво­рот?“ Аман, пак, тогаш беше дошол во надворешниот двор на цар­скиот дворец за да бара од царот за да го обесат Мардохеј на бесилката што ја беше приготвил за него.

5Дворјаните му одговорија на царот: „Ете, Аман стои во дворот.“ Царот рече: „Нека влезе.“

6И Аман влезе. Царот го праша: „Што да му направам на таков човек кого сакам да го одликувам со по­чести?“ Аман си помисли во срцето: кого друг би посакал царот да го одликува, освен мене?

7И Аман одговори: „На таков човек, кого царот сака да го одликува со почести,

8нека му донесат царска облека, со која царот се облекува, и да го доведат коњот, на кој царот јава, да му постават царски венец на главата негова,

9и нека ги дадат облеката и коњот, во рацете на еден од првите царски кнезови, да го облечат човекот, кого царот сака да го одликува, да го изведат на коњ на градскиот плоштад и да огласат пред него: Вака му се прави на оној човек, кого царот сака да го одликува со почести!“

10Тогаш царот му рече на Аман: „Добро рече; веднаш земи ја облеката и коњот, како што рече, и направи му го тоа на Јудеецот Мардохеј, кој седи пред царската порта; ништо да не пропуш­тиш од тоа што го кажа.“

11Ги зеде Аман облеката и коњот, го облече Мардохеј, го изведе на коњ на градскиот плоштад и објави пред него: „Вака му се прави на човек, кого царот сака да го одликува со почести!“

121 Мојс 37,35; 2 Сам 15,30; Ис 57,18; 61,2; Ер 14,3; Пс 35,14; Плач 1,4Мардохеј се врати кај царската пор­та. Аман, пак, тргна во домот свој, натажен и со наведната глава.

13И ѝ раскажа Аман на жената своја Зереша, и на сите пријатели свои за сѐ што се случи со него. Тогаш мудреците негови и жената негова Зереша му ре­коа: „Ако Мар­дохеј, поради кого ти почна да паѓаш, е од јудејско племе, ти нема да го надвиеш, туку навистина ќе паднеш пред него, бидејќи со него е живиот Бог.“

14Тие уште разговараа со него, и царските евнуси дојдоа и го поканија Аман да оди на гозбата што ја беше приготвила Естира.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help