Левитска 24 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

Светилата на светилникот

1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

22 Мојс 25,31-40; 27,20-21; 4 Мојс 4,16„Заповедај им на синовите израел­ски да земат чисто маслиново масло, исцедено за светење, та светлото да гори секогаш

32 Мојс 12,14пред завесата во скинијата на собра­нието, а ќе го пали Арон постојано пред Господ од вечерта, дури до утрината; и тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши.

42 Мојс 25,31На чист светилник распоредете ги све­тилата кои ќе горат постојано пред Господ;

Лебови на предложението

5 2 Мојс 25,30; 1 Сам 21,5-7; Мт 12,4; Евр 9,2 и земете пченично брашно и измесете од него дванаесет лебови – секој леб да тежи по две десетини од ефа;

62 Мојс 25,23-30поставете ги во два реда, по шест во ред, на чистата трпеза пред Господ.

7И во секој ред ставете и чист темјан; и тоа нека биде крај лебовите како спомен – жртва за Господ.

82 Мојс 25,30; 4 Мојс 4,7; 1 Лет 9,32; Мт 12,5Секој саботен ден постојано да се принесуваат лебови пред Господ од синовите израелски: тоа е вечен завет.

9Мт 12,4; Мк 2,26; Лк 6,4Тие да му припаѓаат на Арон и на синовите негови за да ги јадат на свето место; тоа е голема светиња за нив од жртвите Господови, овековечена со закон.“

Казна за богохулник

10Тогаш излезе синот на една жена Израелка, што го беше родила со Египќанец, меѓу синовите Израелови и се скара со еден Израелец во населбата;

112 Мојс 3,15; 18,22; 20,7; 22,27; Јов 1,11и синот на Израелката похули на Името. И го доведоа кај Мојсеј; името на мајка му беше Шеломит, Дивриева ќерка од племето Даново;

122 Мојс 18,16па го ставија в затвор додека не се донесе за него пресуда според заповедта Господова.

13И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

145 Мојс 13,9; 17,5.7; 1 Цар 21,9-15; Дела 7,58„Изведи го оној што хулеше надвор од логорот, а сите што чуја, нека ги стават рацете свои врз главата негова и целиот народ нека го убие со камења,

15и кажи им на синовите израелски: секој што ќе похули на својот Бог, ќе го прими својот грев;

162 Мојс 21,12; 1 Цар 21,10.13; Мт 26,66и оној што ќе го навреди името Господово, треба да умре, со камења да го убие сиот народ; било да е тој придој­ден или тукашен, ако похули на името Господово, да умре.

172 Мојс 20,13; 21,12-14Кој ќе убие човек, да биде умртвен.

18Кој ќе удри добиток и тој умре, да го плати; добиток за добиток.

195 Мојс 19,16-21; Авд 1,15На оној, што ќе му нанесе повреда на ближен, да му се направи и нему она што го направил тој;

202 Мојс 21,23-25; Мт 5,38-42прелом за прелом, око за око, заб за заб; како што му нанел повреда на човек, така и нему да му се направи.

212 Мојс 22,13Кој ќе убие добиток, нека го плати, но кој удри човек и умре, да биде умртвен.

222 Мојс 12,49; 4 Мојс 9,14; 15,16; Ез 47,22Една правда да има како за придојден така и за тукашен, затоа што Јас сум Господ, вашиот Бог.“

23Така Мојсеј им зборуваше на си­новите израелски. И го изведоа оној што беше похулил надвор од населбата и го убија со камења; синовите на Из­раел направија така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help