1 25,8; 28,3 И започнаа да работат Веселеил и Охолијав и сите способни луѓе, на кои Господ им беше дал мудрост и знаење да разбираат и да работат секакви работи, потребни за светилиштето, сѐ како што беше заповедал Господ.
225,2; 31,2.6И ги повика Мојсеј Веселеил и Охолијав и сите мудри луѓе, на кои Бог им дал разум во срцето, и сите, кои од срце сакаа да се зафатат за дела што треба да се свршат.
335,29И тие ги зедоа од Мојсеј сите дарови што ги беа принеле синовите израелски за потребите на светилиштето за да се работи. А тие ги примаа уште и принесуваните дарови од оние што носеа секое утро.
41 Лет 29,14-18Тогаш дојдоа сите вешти луѓе, што вршеа работи за светилиштето, секој според својата работа, кој каква што работел,
52 Лет 24,14; 2 Кор 8,2-3па му рекоа на Мојсеј: „Народот принесува повеќе отколку што е потребно за да се направи, она што заповеда Господ.“
6И Мојсеј разгласи во таборот, велејќи: „Ни маж ни жена да не принесува ништо повеќе како дар за светилиштето.“ И народот престана да принесува,
7зашто имаше доста принесено за секакви работи што требаше да се направат, дури и преостануваше.
Скинијата8Тогаш сите вешти луѓе, кои се обврзаа да ја направат скинијата, приготвија десет платништа од пресукан лен и од сина, пурпурна и црвена волна и на нив направија уметнички извезени херувими.
9Должината на секое платниште изнесуваше дваесет и осум лакти, а ширината четири лакти; сите платништа беа со иста мерка.
10И Веселеил ги состави петте платништа едно со друго, и другите пет платништа ги состави едно со друго.
11И направи сини петлици по рабовите на едното платниште, каде што ќе се соединува со другото; такви направи тој и на работ од последното платниште, за да го соедини со другото.
12Педесет петлици направи на едното платниште, каде што се соединува со другото; петлиците беа една спрема друга.
1336,18И направи педесет златни кукички и со кукичките состави едно платниште со друго. Така скинијата стана една целина.
14Потоа направи платништа од козина за покривање на скинијата; единаесет такви платништа направи:
15едно платниште беше долго триесет лакти, а широко четири лакти; една мерка беа сите единаесет платништа.
16Па ги состави петте платништа одделно, а шесте платништа одделно.
17И направи педесет петлици по работ од крајното платниште, каде што се соединува со другото, и педесет петлици направи по работ на другото платниште, за да се соединува со другото;
1836,13а направи и педесет кукички од бакар, за да се состави покривот, та да стане целина.
19Потоа направи покрив за скинијата од овнешки кожи, црвени, а над неа друга – од сини кожи.
20И направи штици за скинијата од дрвото шитим, што ќе стојат исправени;
21секоја штица од по десет лакти долга, а лакот и половина широка;
22секоја штица имаше по два клина, еден спроти друг; така направи тој на секоја штица од скинијата.
23А вакви штици за скинијата направи дваесет за јужната страна:
24и направи четириесет подножја сребрени за под дваесетте штици, по две подножја под секоја штица за двата клина нејзини, и по две подножја под другата штица за двата нејзини клина.
25И за другата страна на скинијата, спрема север, направи дваесет штици,
26и четириесет сребрени подножја: две подножја под едната штица и две подножја под другата штица.
27А за задната страна на скинијата, кон запад, направи шест диреци;
28направи уште две штици за аглите на скинијата од задната страна;
29тие беа составени одоздола и одозгора со една алка; така направи тој со обете страни на двата агла;
30и така имаше осум штици и шеснаесет подножја сребрени, по две подножја под секоја штица.
31Потоа направи напречници од дрвото шитим: пет за штиците од едната страна на скинијата,
32и пет напречници за штиците од другата страна на скинијата, и пет напречници за штиците од задната страна на скинијата.
33А направи и внатрешна напречница што ќе иде преку средината на штиците од едниот до другиот крај;
34диреците ги опкова со злато, а и алките, низ кои беа провлечени напречниците, ги направи од злато, па и напречниците ги опкова со злато.
3539,38; Мт 27,51; Лк 23,45; Евр 9,3Потоа направи завеса од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен и на неа направи херувими, уметнички извезени;
36за неа направи и четири столба од дрвото шитим, и ги опкова со злато; и златни кукички за столбовите и им излеа четири подножја од сребро.
3727,16Направи потоа завеса за влезот во скинијата од сина, пурпурна и црвена волна и од пресукан лен, уметничка изработка,
38и пет столбови за неа со кукичките нивни; врвовите на столбовите и нивните прстени ги обложи со злато, и направи пет подножја од бакар.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.