Јов 38 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (66 книги)(MK2006)

1 9,17; 40,6 Тогаш Господ му одговори на Јов од бурата и рече:

242,3„Кој е тој што го замрачува Про­видението со зборови без смисла?

340,7Препашај ја сега половината своја како маж, Јас ќе те прашувам, а ти објаснувај Ми:

Бог, господар на природата

4 15,7; 26,7 Каде беше ти кога ги поставував основите на земјата? – кажи, ако знаеш.

5Зах 1,16; 2,5Кој ѝ ги определи мерките, знаеш ли? Кој го оптегнува јажето околу неа?

6Пс 104,5Врз што се зацврстени основите нејзини? Кој ѝ го положи аголниот камен,

7кога ликуваа утринските ѕвезди, и кога сите Божји синови извикуваа од радост?

8Изреки 8,29Кој го затвори морето со врата, кога тоа се истргна, та излезе како од утроба;

926,8кога облаците ги направив негова облека и маглата – негова повивка;

10Пс 104,9кога му ја дадов Мојата наредба и му наместив клучалки и врата;

11кога му реков: ‚Дотука ќе дојдеш и нема да преминуваш, и тука е границата на твоите горди бранови?‘

129,7; Пс 74,16Си му давал ли ти некогаш во животот свој заповед на утрото и си ѝ го посочувал ли на зората местото нејзино,

13за да ги опфати краиштата на земјата и да ги истресе од неа безбож­ниците,

14за да се измени земјата како глина под преса и да стане како разнобојна облека,

1518,5-6да се одземе од беззакониците светлината нивна и да се скрши издигнатата рака нивна?

16Пс; 104,10-13Си слегувал ли во длабочината мор­ска и си влегувал ли да ја испитуваш бездната?

17Пс 139,8-11Се отворале ли пред тебе вратите на смртта; си ја видел ли ти вратата на смртната сенка?

18Ис 40,12Си ја разгледал ли ширината на земјата? Кажи го, ако го знаеш сето тоа.

19Пс; 104,19-24Каде е патот кон живеалиштето на светлината и каде е местото на темнината,

20за да стигнеш до границите нејзини и да ги знаеш патеките до домот нејзин?

2115,7Ти го знаеш тоа, зошто тогаш беше веќе роден и бројот на дните твои е мошне голем!

2237,6; 2 Мојс 9,18-26; Ис.Н. 10,11; Ис 28,17; 30,30Си влегувал ли ти во местата на снегот и си ги видел ли сокровиштата на градот,

23што Јас ги чувам за смутно време, за денот на битка и војна?

242 Мојс 14,21; Пс 48,7; 139,7-9По кој пат се разлева светлината и се разнесува источниот ветар по земјата?

25Пс 65,9-10Кој ги отвора потоците за изливање на водата и патот за громоносните светкавици,

26за да паѓа дожд врз земјата без луѓе, врз пустината, каде што нема човек;

27за да ја заситува пустината и степата и да ги разбудува зелените 'ркулци да никнуваат?

28Пс; 147,16-17Има ли дождот татко? Или кој ги раѓа капките на росата?

29Од чија утроба излегува мразот; и кој ја раѓа небеската слана?

30Водите како камен да се зацврстуваат, и површината на бездната да замрзнува.

319,9; Амос 5,8Можеш ли да го врзеш јазолот на Плејадите, да ги разврзеш врските на Орион?

32Можеш ли да ја изведуваш Деница во времето нејзино и да ја водиш Големата Мечка со нејзините малечки?

33Ер 31,35; Пс 148,6Ги знаеш ли законите на небото, можеш ли да уредиш тоа да владее над земјата?

3436,27-28Можеш ли да го кренеш гласот свој до облаците, за да те покрие обилно водата?

3536,32Можеш ли да испраќаш молњи, и штом тргнат, да ти речат: ‚еве нѐ?‘

36Кој вложи мудрост во срцето, и кој му даде смисла на разумот?

3728,25-26Кој може да ги преброи облаците со својата мудрост и да ги задржи садовите од небото,

38Пс 65,10кога правот се претвора во кал и грутките се слепуваат?

Господар на животинскиот свет

39 Пс 104,21 Ти ли ловиш плен за лавицата и ги наситуваш лавчињата,

40кога тие лежат во леглата или почиваат под сенка во заседа?

41Пс 147,9Кој ѝ ја приготвува храната на вра­ната кога пиленцата нејзини, скитајќи без храна, викаат кон Бога?“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help